Македонија и Бојкотира и Блокира! Не за “Бинаџии” и Тепање за Микрофони Туку Обединување! – Тировска
Сподели на социјалните платформи:

И БОЈКОТИРАМ И БЛОКИРАМ

Ако ви е иста целта, а размислувате на други начини и патишта, се прашувам тогаш зошто се раскарувате помеѓу себе, и го разединувате македонскиот народ, кој спонтано се собира во ОТПОРОТ против неправдите. Воспоставете си стратегија, секој своја и удрете од две страни, секој од своја страна по непријателот, народот ќе подржи и БОЈКОТИРАМ И БЛОКИРАМ.

Кога се креваше галама против БЛОКИРАМ за млак отпор со одењето кај пратениците, тогаш искоментирав кај неколку вас Лука Александров, Филип Петровски и кај неколку други, дека треба секое дејствување и секаков отпор да се подржи. Денес стојам на истото мислење и за БОЈКОТИРАМ. Народот не тргна по пат низ снежна вејавица за да навива за идни политички лидери, отиде да бројчано покажи, дека НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА ГО ОБЕСПРАВУВА, да му ги одземе универзалните елементарни права, македонскиот идентитет и македонската држава и неговата државотворност.

Вистински е потребна ОБЕДИНЕТОСТ, но заборавате дека и со различноста во дејствувањето се доаѓа до обединетост, доколку ЦЕЛТА Е ИСТА. За сите има место, доколку ВИ Е ИСТА ЦЕЛТА, но секој со своја стратегија и програма. И подржувајте ги сите со ИСТА ЦЕЛ, ваша обврска како водачи на движења, партии и да ништо не сте потпишале меѓусебно, обврска ви е, да ја подржите ИСТАТА ЦЕЛ а различното дејствувања и на сите нас , македонскиот народ, е ОБРСКА ДА ВЕ ПОДРЖИМЕ СИТЕ, КОИ СТЕ СО ИСТА ЦЕЛ. ЦЕЛТА НА КРАЈОТ ЌЕ ВЕ ОБЕДИНИ а доколку некој има друга цел, спротивна на нашата ОБЕДИНУВАЧКА ЦЕЛ, за брзо време ќе испливаат со организирање на нови дејствувања,, протести, само така ќе се покажи КОЈ Е ЗА ЦЕЛТА.

Ако е за нашата македонска национална иднина нека е ОТПОР и ПРОТЕСТ ЗАСЕКОГАШ. Вака јалово секогаш почнувало и во историјата (причините ќе ги изоставам) Значи ОТПОРОТ, протестите да продолжат. Добро тргнавте, едните од пратеник до пратеник, ве подржавме, другите сенароден протест, кој исто го подржавме, третите кренете порадикално. И секако најпрво исфрлето го она „јас па јас и само јас и никој друг и после мене потоп„. Тоа е нешто најодвратно што го народот слушаме и гледаме со години.

Наместо за еден микрофон да се карате, удрете од три четири страни, секој со свој начин, непријателот треба да се сардиса од сите страни и сите ќе ве подржиме, зошто ИСТА НИ Е ЦЕЛТА на Македонците дома и во светот – Македонија вечна на Македонците и нејзините лојални малцинства. 


И БОЈКОТИРАМ И БЛОКИРАМ

Виолета Македонска Тировска

Остави коментар