Протестите ширум Франција не запираат. Една жртва и над 200 повредени на протестите на 300.000 французи излезени по улиците, несогласувајќи се со глобалистичките политики на пудлицата Макрон, кој ги зачестува поскапувањата на горивата на сметка на обичните французи.
Во овие протести, кои не се намалуваат во интензитет, животот го загуби една жена, а над 200 французи се повредени. Дефинитивно со ова е фрлена сенка на владеењето на глобалистот Макрон, чиј што рејтинг е во слободен пад во однос на францускиот национален фронт. Прочитај повеќе овде: Француската Десница на Ле Пен Води Пред Пудлицата Макрон во Анкети пред ЕУ Парламентарните Избори!
Глобалистот Макрон, кој го нарекуваат „претседател на богатите“, се повеќе и повеќе ја губи довербата од обичниот французин, бидејќи уште во првата година од своето претседателствување, тој ги покачува даноците на французите, додека една од главните теми во неговата агенда е „глобалното затоплување“.
Во саботата, Мурауд, белокоса баба која постана звезда на движењето ја објасни загубата на живот во овие протести:
“Ја сожалувам смртта на оваа жена. Но кој е одговорен за оваа ситуација? Француската влада е одговорна за смртта на оваа жена“, рече таа говорејќи за Европа 1 радио.
Во целата оваа приказна се произнесе и Трамп со своите твитови, критикувајќи го Макрон поради лошите политики кои ги спроведува: