Македонскиот Протест со Шут Карта и за Корумпираната Елита и за “Бинаџиите”! Лидерот е Меѓу Народот!
Сподели на социјалните платформи:

Македонците во неделата на снег и студ и кажаа МРШ на Хунтата и се собраа на национално-одбранбена, непартиска и нелидерска основа! Фитилот е запален, Хунтата е напуштена од сите и дома и надвор.

А Македонецот си е сам себе си и лидер и водач, а тој силен, несебичен, пожртвуван и скромен кој прв ќе викне Напред, ќе се изнедри токму од тој народ а не од калкуланти кои единствено што ги интересира е бината и кариера!

Фотографијата која го обиколи светот и го симболизира неделниот протест е токму таа. Младите дечиња се симболиката на нови некорумпирани и чесни лидери кои ќе ја поведат борбата за ослободување на Македонија.

Отпорот на Македонија го водат секојдневно чесни бестрашни луѓе кои целта не им е да бидат на или да се борат за бината туку одбраната на Македонија сега и одма, за разлика од “борците за бина” и умртвувачите на отпорот без план и без идеја за како да се поведе народот кој бара водство, напред.

Македонија го запали фитилот на народната револуција која ќе ја рони и сруши нелегитимната окупаторска Хунта и ќе ја возобнови Македонската државност на цврсти и здрави темели за следните илјадници години!

https://twitter.com/rollarMk/status/1064749649473531904

 

 

 

 

 

1 thought on “Македонскиот Протест со Шут Карта и за Корумпираната Елита и за “Бинаџиите”! Лидерот е Меѓу Народот!

Остави коментар