Ако Европската комисија наметне милијарди евра во парични казни против италијанската влада (или ќе спроведе некоја друга казна), околу “60 милиони Италијанци ќе се кренат” против ЕУ – вели очигледно фрустрираниот вицепремиер Матео Салвини во изјава за група италијански новинари по извештаите дека ЕУ Комисијата може да ја казни Италија уште наредната недела.
Италијанскиот народ, додаде Салвини, никогаш нема да ги прифати тие казни, според извештајот во италијанскиот весник АНСА. И според најновите анкети, има повеќе од вистина во тоа.
После Брексит, уште една шокантна анкета покажа дека 60 отсто од Италијанците сметаат дека нивната земја е малтретирана од Европската Унија. Тоа е неколку проценти повеќе од процентот на Британци кои гласаа за напуштање на ЕУ во 2016 година.
И уште позаканувачко за иднината на ЕУ, што една претходна анкета покажа дека многу е поголем бројот на млади Италијанци кои се против ЕУ!
Според Експрес, анкетарите Coldiretti и Ixè нашле дека околу 43 отсто од Италијанците веруваат дека економските политики на Брисел биле дизајнирани од посилните економии со мала загриженост за послабите земји-членки на ЕУ.
Италијанците ја изразија својата фрустрација со Европа кога гласаа за Лигата и Движењето со пет ѕвезди за време на изборите во март. Тоа гласање, како и зголемената популарност што ја уживаат двете страни, претставуваше она за што многумина веруваа дека е јасен мандат: Да се скине врската со Брисел, кој повеќе не работи во корист на Италијанците.
Клаудио Борги, главниот економски советник на де факто лидерот на Италија, Салвини, рече дека ЕУ користела “фиктивни бројки” во оценувањето на италијанскиот буџет (ЕУ ја обвини Италија дека го прави истото) а потоа праша дали ЕУ ќе има “храброст” да ја санкционира Италија.
Како потсетник, последен пат кога популистичка влада се спротистави на ЕУ, Европската Централна Банка веднаш ги натера грчките банки да бидат затворени на неодредено време, а политичката кариера на Варуфакис беше завршена. Можеби овој пат тоа нема да биде така бидејќи Италија не е Грција ни по силата на анти-ЕУ сентиментот а ни по многу поголемото значење на Италија без која ЕУ нема да може да опстои.
Но, она што навистина ги преплаши ЕУ беше следниот наслов:
БОРГИ, ГЛАВЕН ЕКОНОМСКИ СОВЕТНИК НА САЛВИНИ: АКО ЛИГАТА ДОБИЕ МНОЗИНСТВО НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ИТАЛИЈА ЌЕ ЈА НАПУШТИ ЕВРОЗОНАТА
– Дик Дарлингтон (@Darlington_Dick) 15 ноември 2018 година