Народното Собрание на Република Македонија објави дека е усвоена стратегија и оперативен план за преземање на одговорноста за зачувување на Република Македонија и законодавната власт и преодната извршната власт до новите избори по уривањето на нелегитимната анти-уставна Хунта на мек или тврд начин која предвидува радикално чистење на корумпираната продадена политичка елита во Република Македонија.
Ви го пренесуваме во целост соопштението кое можете да го прочитате и коментирате овде:
Народното Собрание на Република Македонија усвои Стратегија и Оперативен План за преземање на одговорноста за Република Македонија и обезбедување нејзин континуитет по падот на нелегитимната окупаторска Хунта и во услови на сите можни сценарија, од мек пад на нелегитимната Хунта која нема подршка на сопствениот народ преку протести па се до ситуација на нејзино тврдо и хаотично паѓање. Стратегијата и оперативниот план се поделени и усвоени од делегатите и започната е работата на нивното извршување. Народното Собрание го уверува Македонскиот Народ во успешноста на одбраната на Македонија и низ ова однадвор наметнато премреже и ги повикува преостанатите институции кои не застанале на страна на народот да го сторат тоа веднаш!
Во исто време Народното Собрание ја усвои и програмата на преодната техничка влада која ќе ја преземе извршната власт од набрканата Хунта и која ќе ги спроведе следните радикални реформи до новите фер и демократски избори во Република Македонија.
Oснови на Програмата Која ќе ја Спроведе Преодната Техничка Влада на Народното Собрание
- Поднесување барање за прием под уставно име Република Македонија во ООН.
- Спроведување на АСНОМ-скиот и духот на Уставот од 1991ва во сите законско-регулативни акти и во сите национални и општински институции.
- Поништување на сите закони и меѓународни договори донесени од нелегитимните анти-уставни, пучистички и самонаречени собрание и влада од 27ми Април 2017 наваму.
- Поништување на Пржинските и Охридскиот договор и сите последици произлезени од нив.
- Враќање на законот за локална самоуправа од пред 2004та година.
- Поништување на регистрацијата на сите политички партии и ре-регистрација само на оние чии програми не се косат со Уставот на Република Македонија.
- Одземање и повторно објавување конкурс за лиценци на сите медиуми.
- Поништување на регистрацијата и дозволата за работа на сите НВО финансирани со странски средства
- Градење на силни Армиски, Резервни, Доброволни и Полициски сили за обезбедување на границите и внатрешната безбедност и воведување на задолжителна воена обврска.
- Протерување на сите странски формални и неформални воени формации од територијата на Република Македонија.
- Ревизија на сите приватизации и враќање во државна сопственост и/или продажба со обесштетување на бившите вработени и нивните семејства.
- Обезбедување и привлекување јавни и приватни инвестиции, ниски даноци и финансиска подршка за сите претприемачи/мали/средни претпријатија за силен економски раст и процут.
- Еколошки чисто земјоделство и туризам и ГМО-слободна Македонија.
- Укинување на извршителите, на несразмерно високите казни и блокирањето на сметки.
- Национализација на сите стратешко важни субјекти и фирми.
- Отпишување на меѓународниот државен долг направен од досегашните корумпирани клики кон глобалистичките финансиски поробувачи и ослободување на Македонецот од подготвеното му вечно финансиско ропство.
- Поднесување барање за учество во во сите глобални и регионални ЕвроАзиски интеграции, ЕАЕС, ШОС, Пат на Свилата итн.
- Укинување на сите нелегално издадени Македонски државјанства доделени од политички причини.
- Спречување доселување и легализирање на мигранти во Република Македонија, издавање пасоши на сите Македонци од светот и доделување земја за нивно враќање во татковината.
- Прочистување на сите Македонски Институции од кадар лојален на туѓи интереси.
- Забрана за учество во политика со повеќе од два мандати, со странски државјанства и отварање на процес со судско -правна разврска и конфискација на незаконски стекнатиот имот на корумпираните нелегитимни елити.
- Социјална, пензиска и здравствена заштита за секого, ниеден Македонец и семејство нема да бидат оставени сами на себе.
- Ревизија на образовните наставни програми во Македонски Дух од прво оделение до универзитетско ниво.
- Промоција на Македонскиот академски, културен, спортски и уметнички раст до светско ниво.
Народно Собрание, Македонија, Ноември 2018