Повлекувањe на Меркел по Поразот на Регионалните Избори и Ултиматумот од Коалицијата! Распад на Глобалистите!
Сподели на социјалните платформи:

Ангела Меркел нема да бара реизбор за претседател на германската владејачка партија ЦДУ што ефективно значи повлекување од местото како лидер на Христијанско-демократската унија, позиција што ја има држано 18 години. Ова доаѓа по катастрофалниот настап на нејзината партија на регионалните избори во Баварија па во германската држава Хесе во неделата и по ултиматумот на нејзиниот помали коалициски партнер , СПД, која, исто така, претрпе огромна загуба на последните избори.

Според Шпигел и Билд, Меркел, која претседава со Христијанската демократска унија (ЦДУ) од 2000 година, се очекува повторно да се натпреварува на партискиот конгрес во Хамбург на почетокот од декември. сепак, во она што многумина го нарекуваат “крајот на една ера”, за време на која нејзината команда на Германија го стави својот печат во Европа и пошироко за повеќе од една деценија, во понеделникот наутро таа им рече на високи партиски раководители дека нема повторно да се кандидира.

За нејзин наследник кандидати се генералниот секретар на ЦДУ, Енегрет Крамп-Карренбауер ни и другите чекаат своја шанса. Билд известува дека Фридрих Мерц, нејзиниот главен антагонист во првите години откако ја презеде ЦДУ во 2000 година, ја фрли капа во рингот.

Други можни кандидати се министерот за здравство, Јенс Спан, кој јавно ја критикуваше политиката на отворени врати за мигранти и Ралф Бринкхаус, фискален јастреб. Другите вклучуваат двајца државни премиери Армин Лашет и Даниел Гинтер, кои носат тежина по неодамна водејќи го ЦДУ за победа на регионалните избори.

Лидерот на СПД, Андреа Налес.

Помладите коалициони партнери на Ангела Меркел им дадоа рок на конзервативците до следната година за да испорачаат повеќе политички резултати, заканувајќи се дека ќе го прекинат сојузот ако нема подобрување откако двете страни претрпеа уште еден круг загуби на вчерашните регионални избори во Хесе.

Како што претходно беше објавено, конзервативните демохристијани на Меркел (ЦДУ)  на изборите во западната држава Хесе зедоа само 27,2 отсто од гласовите, што претставува огромен пад од 38,3-те отсто што ЦДУ го доби на последните избори во Хесе 2013 според проекциите на германскиот радиодифузер ЗДФ. Во меfувреме, централно-левичарскиот коалициски партнер Социјалдемократите (СПД) помина уште полошо, освојувајќи само 19,6 отсто од гласовите, намалувајќи се од 30,7 отсто, а најлош резултат во западната држава во историјата. Партијата беше на исто ниво со Зелените, исто така на 19,6%.

По катастрофалните резултати, лидерот на СПД, Андреа Налес, рече дека ќе ја искористи “патоказот” со кој ќе го мери напредокот на владејачката коалиција според Ројтерс .

“Ние тогаш можевме да ја процениме имплементацијата на овој план на договорениот среднорочен преглед, кога ќе можеме јасно да видиме дали оваа влада е вистинското место за нас”, изјави Налс за новинарите. ” Држењето ба сегашнава влада е неприфатливо“.

Нејзиниот ултиматум до кабинетот беше јасен: СПД треба да покаже опипливи резултати на своите поддржувачи следната година, или пак лидерите на партијата ќе се повлечат од коалицијата со Меркел, што ќе резултира со криза во владата во најголемата економија во Европа.

Владејачката коалиција на Меркел “ја изгуби довербата на електоратот”, изјави Јозеф Џофе, издавач-уредник на неделникот “Ди цајт”. Тој, исто така, го критикуваше СПД, велејќи дека “партијата на патот надолу не може одеднаш да се издигне од пепелта со одење во опозиција”.

Најновиот пораз денеска ќе има добри импликации: лошите резултати на ЦДУ во Хесен, по нејзината сестринска партија во државата Баварија, ЦСУ, претрпеа најлош резултат таму од 1950 година пред две недели, ќе ја ослабат Меркел дома и ограничат нејзиниот капацитет да ја води Европската унија во време кога блокот се занимава со Брексит, буџетска криза во Италија и изгледите за популистички партии што ќе добијат предност на изборите за Европскиот парламент следниот мај.

Додека ЦДУ и СПД настрадаа, Зелените и АПД беа воодушевени од уште еден импресивен резултат: силната перформанса на Зелените во Хесе и другиот голем победник беше десничарската Алтернатива за Германија (AfD), која за првпат влезе во регионалното собрание на Хесе, со 12,8 отсто од гласовите. Резултатот, исто така, значи дека анти-имиграциската партија, која влезе во сојузниот парламент за прв пат минатата година, сега ќе биде претставена во сите 16 германски регионални собранија.

Еве ги анкетите за излез од Infratest dimap :

  • ЦДУ-ЕПП: 28% (-10,5)
  • GRÜNE-G / EFA (Зелените): 19,5% (+8,5)
  • СПД-С & Д: 20% (-11.5)
  • AfD-EFDD: 12% (+8)
  • FDP-ALDE: 7,5% (+2,5)
  • ЛИНК-ЛЕВО: 6,5% (+1,5)

 

View image on Twitter

Europe Elects@EuropeElects

Germany (Hesse regional election), FGW exit poll:

+/-

AfD-EFDD: +8.9
GRÜNE-G/EFA: +8.9
FDP-ALDE: +2
LINKE-LEFT: +1.3
SPD-S&D: -10.7
CDU-EPP: -11.3

.

Остави коментар