Го пренесуваме подолу обраќањето на Миленко Неделковски по излегувањето од полициската станица во Автокоманда како и целиот негов текст во врска со нарачаното гонење на слободниот говор во Македонија од страна на глобалистичките фашисти и нивните домашни преституски продажни лакеји, сите до еден говорници на омраза од типот на манијакот Тричковски.
По излегувањето од полициската станица новинарот Миленко Неделковски за камерата на „Инфомакс“ во кратка изјава објасни за што бил приведен, потврдувајќи ги информациите дека полицијата го гони поради наводна закана на фејсбук до нелегитимниот и самоповикан премиер Зоран Заев. Фашистичка Анти-Медиумска Хајка на Квислинзите! Дудинка.орг Блокиран! Обраќање на Миленко Неделковски! А за постоечките алтернативи на новите Гебелсови цензори прочитајте повеќе овде:
Сестри и браќа МАКЕДОНЦИ, нека ви е честит денешниов голем празник. За многу години нека е.
Вчера во Македонија двајца луѓе, во предвечерието на празникот, успеаја да извојуваат свои две големи победи.
Најнапред Христијан Мицковски кој стана мажот што го исчисти Митко Лимонада Јанчев (Мите Лимонада бараше “да го види мажот“, и го виде). Уште посилно од чистењето на овој провинциски профитер е отстранувањето на творецот на аферата со “бомбите“ (снимал, документирал и ги предавал на странските агентури и амбасади) и најучинковитиот заштитен сведок (пред се против Никола Груевски) на СЈО, Сашо Мијалков. Како точка на “i“ е и бркањето на предавникот и создазвачот на несутавниот и незаконски Пржиски договор, Нино Тодоров.
Оттука натаму следи прочистување и на ИК, и на Унија на жени, и на УМС. Се најде политичкиот Ќосе да ги ликвидира предавниците во партијата.
Сметам дека и покрај тоа што не сум, не сум бил и немам намера да бидам во никаква близина или орган на таа партија, НАЈМНОГУ допринесов за разобличувањето на Лимонада, Шиптар, Нино и слични. Додека сите вмровски гласила молчеа, се плашеа и се криеа, додека сите новинари и уредници платени од ВМРО ДПМНЕ ги немаше никаде – Дудинка кога беше активна и ФБ статусите на мојата фан страна ги разобличуваа овие слиперси и подривачи на се‘ што значи денешниов празник.
Тоа до таа мерка беше изразено, да човекот што никогаш и никаде не давал изјави, интервјуа, не настапувал по телевизии, емисии и слично – Сашо Мијалков Шиптар, беше извлечен од моја страна на површина да мора да демантира што пишувале “неколку медиуми во Македонија“. А не беа “неколку“, само еден беше – Миленко. Во Македонија, де. Од странство беше Бобан. И, толку. Шиптар јавно мораше да се правда. Ама правдање нема за ујдисувањето во ѓаволското трио заедно со Вице и Зоран Заев, а против Македонија и нејзиното исконско име.
Втората победа е мојата. Победа против фашистичкиот окупатор во земјава.
Бидејки вчера сите медиуми беа претрупани со информациите за “аспењето“ на Миленко Неделковски, и бидејки сум сигурен дека денеска нема да ги интересира и нема да ја бараат и објават вистината за случувањата, ами ќе си останат на своите рекла-казала спинови, еве ја таксативно вистината за тоа што се случуваше.
Вчера наутро си имав подоста работа. Мењав уље на Цитроенот кај мајстор Пепи во Драчево. Мењање уље и ВМРОВСКО-партиска дискусија. Потоа, од добри луѓе што сакаат да помагаат, од едно скопско село натоварив на приколица 2 тони јачмен и пченица и со Џипот ја носев на фармата Мечкоец. За да имаат козите и прчовите да се гоштеваат.
Во Градско го оставив брат ми Ратко кај автомеханичарот мајстор Шаро за да може да си ја подигнеме комбинирката за ископ Ландини, која беше таму на сервис, а јас продолжив до фармата сопственост на мојата ќерка, да го истоварам јачменот.
Кога заврши “физикалијата“ околу дигни-спушти на 50-килограмските вреќи, се упатив кон селото Чичево. Во тие моменти ме известија дека низ селото ме барала полиција, ама си заминала. Се погрижив јас нив да ги најдам, иако беа кинисани од Чичево да си одат за Градско.
Ги најдов, и од тој момент натаму, се што кажа полицијата ИЗЛАЖА. Апсолутно секоја реченица и тврдење на секој полициски работник во МВР беше лага. Секој. Најнапред рекоа дека се дојдени со налог. Побарав да го видам налогот, но тој беше празен. Немаше ништо на него. Ми соопштија дека сега “ќе се јават во Велес“ за да им кажат како да го пополнат налогот за да знам кај кој инспектор, во која соба, од која причина и кога треба да одам. Седев до нив, ама тие си се затворија во своето Спаркче и ги затворија прозорите, мислиш најглемата државна тајна ја чуваат. По 10-тина минути ме известија дека сега ќе чекаат инструкции “како да постапат“. Бидејки видов колку е саат, им реков дека јас немам време со нив тука да чекам на улица, ќе сум кај објектот во Чичево каде што чувам кучиња, па нека дојдат кога ќе добијат наредба. Во тој момент ми беше јасно дека ќе ме собираат. Тогаш напишав статус на ФБ бидејки Дудинка беше блокирана. Побарав неколку пријатели, мојот адвокат и слично. По објавата веднаш почнаа да се јавуваат загрижени пријатели на кој им благодарам: Бобан, Пандов, Димитар, Боде, Владо, Сашо (ама не е Мијалков)…
Така комуницирајки, пристигана полицијата. Двајца џандари од Градско. “Господине Миленко имаме наредба да ве одведеме во ПС Градско каде ќе дојдат инспектори од Велес да работат со вас. И мораме да ви го одземеме телефонот“. Тука се интезививираа лажгите што започнаа со “кај кој инсектор и кога да се јавите“, па преку “чекаме насоки“ до последното “ќе дојдат од Велес“. Се симнав со свое ауто до Градско, му го оставив на брат ми, и влегов во станицата каде што имаше уште едне џандар. До тој момент веќе тројца “работеа“ на случајот со кодно име “Миленко“. Така стоеше на папката од МВР со “доказите“ против мене! Јако кодно име, нема што.
Се изначекав тука добри 2 саати, кога еве ти Шкода Јети со други тројца џандари. После пола саат ми велат, потпиеше дека ви е одземен телфонот, дајте ни лична карта и со возило ќе ве носиме во полициска станица Гази Баба. Значи во Автокоманда. Ви велам лажеа сушеа. Што рекоа се излажаа. Јака “народнава“ полиција. И така, во придружба на три џандара се упатив за Скопје. До тој момент тоа се 6 униформирани лица ангажирана за “Миленко кејс“.
Пред ПС во Автокоманда ме чекаа 10-тина пријатели, а во станицата покрај моите 2 адвокати беа и 7 инспектори во цивилка. Повторувам – СЕДУМ. Со овие предходни во униформа 6-мина, значи дека 13 души вчера земале плата заради Фејсбук статусите на Миленко Неделковски. 13 луѓе, ејјјј. Па после бруто-нето-данска Тевдовски ја задолжувал државата (за што дебело ќе лежи)?! Мора пари да најде човекот за прогон на цивили и слободномислечки луѓе.
Инспекторот што разговараше со мене, во пристуство на неговите 6 колеги од различни служби кои не им ги разбирам, не сакаше да си го каже името. Бидејки сакаше мекано да пристапи јас веднаш си го крстив Кроткоебец, па така го ословував во текот на целата “дружба“. Неисе, Кротокоебец ме праша каде живеам. Јас му реков на адресата од личната карта, таму каде што сум роден. Ми вели ама ве нема таму, каде престојувате. Му велам дека преспивам кај швалерки. Кроткоебецот вчудоневиден вели “На овие години“. Јас му велам дека живеам на стара слава.
Кога видоа дека не бива така, вели Кроткоебецот, да поченеме со распитот. Дали сакате адвокати, прашува и ми подава лист хартија да потпишам дека сакам. Велам, има двајца, ќе потпишам, ама не ми требаат како адвокати ами како сведоци за она што ќе ви го кажам.
Не знаеа што да кажат и јас продолжив: “Како не ви е срам да правите политички притисок врз слободномислечки луѓе? Како не ви е срам на 61-годишен мирољубив и ненасилен граѓанин да му доаѓате со 7 наоружани инспектори? Како не ви е срам да извршувате гнансни работи за фашистичкиот режим“? И им велам: “Јас вас, МВР, Обвинителството, Судот и оваа фашистичка власт на Џес Бејли НЕ ЈА ПРИЗНАВАМ. Ајде сега вадете документте што ви се однапред спремни за да ме носите на судија и во притвор, бидејки не сакам да се замарам со такви идиоти како вас“. Реално, адвокатите почнаа да ме смируваат. Инспекторите “ама господине Миленко дозолете ние нашата професионална работа да си ја завршиме. Еве, читаме дека ви доаѓаат напади врз Дудинка од Македонија, направете допис до нас ние ќе се погрижиме да откриеме кој ви ја руши веб страната“. Работава, на службата од МВР што перманентно ми ја руши Дудинка, да им дадам одобрение да ме спасуваат?! Луда работа, на џелатот да му кажеш откако ќе ми ја одрубиш главата, пак зашиј ми ја на рамења!!!
Еве ги нападите врз Дудинка само во текот на последниот месец:
Следеше повторна моја тирада на висок тон дека е ова фашизам, дека е суспендирање на демократијата, дека е укинување на слободната мисла, говор, пишување, размислување.
Видоа не видоа, ми ги презентираа “доказите“.
Сум му напишал на Зоран Заев “И тебе ќе ти слета авиончето во Мостар“! Што значело тоа? Инаку статус кој веќе не можете да го најдете оти Фејсбук го избриша и ме банира на 30 дена.
Следниот “доказ“, како и предходниот поткрепен со принт скрин од ФБ фан страната беше за постот каде сум пишал “Чекајте го Ќосето“.
И од Карлос Сантана се плашат!!!
Ете тоа беа двата КРИМИНАЛИ за кои беа потребни 13 службени лица на МВР, превоз со 4 полициски возила и потрошени 7-8 часа. Во време на сеопшта кражба од луѓето околу Заев, во времето на цунами задолжувањето од оваа ѓомити “влада“, во времето на нерешени убијства, во времето на претепани деца по автобуси, во времето на ослободени дилери на дрога, убијци и насилници – полицијата ете ова го работеше вчера.
Лицата за отстрел што ги запишаа своите имиња се: Судијата во предходна постапка Васил Динковски и инспекторите Драган Цветаноски, Бојан Стефановски, Никола Диомисиев и инспекторот Кроткоебец.
Беше извршен претрес во куќата на ќерка ми, каде што има записник во кој се вели “не се пронајдени предмети кои би биле во интерес на истрагата“. А телефонот Самсунг ми беше трајно одзмене за да се носел на вештачење.
Па сега да прашам:
Ти Зоран Заев, со сите свои квадови, поршиња, едно-евро-за-вицето, нелегитимна влада, подршка од странство, шиптарска подршка, твоја полиција, Алфите на Примислав, собраниското мнозинство – ОД ДВА ПОСТА НА МИЛЕНКО ЛИ СИ УПЛАШЕН? Или можеби од моите претпоставки што си знаеш дека постои можност да се остварат. Оти ти си знаеш со кои црни ѓаволи си се раковал и на кого и што си ветувал.
Од 61-годишен, ненасилен и без оружје цивил ли се плашиш? Тоа ли е најголемата закана во Македонија?
Покрај сите твои медиумски мега-пушачи Саки Кировски, Иван С. Мирчевски, Боки 13, Емил Стојменов, Вицевизија24, Плусинфо, Либертас, Слободен печат…, засилени со Бубо Каров, Амон Сра, Миле Бошњаковски, Забрчанец… – покрај таа армада, ОД МИЛЕНКО ЛИ ТИ Е СТРАВ?
Како што вели Паторо од Велес, за мене важи онаа “пцовисано магаре од лав не се плаши“.
Ти вчера се обиде да ме уплашиш, уцениш, скршиш. Е ама ја не сум ти роднината на Сашо Мијалков, не сум ти Љубен Арнаудов или Крсте Муковски, јас не сум ти Нола. Јас су Миленко.
И, како што еден има напишано во своите коментари, од мене имаш проблем само затоа што многу луѓе бараат да направам селфи со нив.
Крајно, мене ми е јасно дека со вчерашните настани и кривичната пријава од минатата недела нема да заврши работата. Твоите кучиња и натаму ќе напаѓаат.
Јас сум спремен. Со мене си носам четкица за заби, пар чорапи и гаки.
Ти дали си спремен за она што неминовно ќе ти се деси? Тие околу тебе дали се спремни? Ти и тие што пробувате да го унштите последниот слободен непартиски простор во Македонија – Дудинка и статусите на ФБ фан страната.
Узми шипку и работи.
М. Неделковски
Македонија 23.10.18