Се Наѕира Свикувањето на Народно Уставотворно Собрание за Возобновување на Македонската Државност!
Сподели на социјалните платформи:

По колапсот на демократијата во Собранието и преземање на двете СДС и ДПМНЕ од страна на надворешни недемократски и неизбрани фактори и плукањето на нелегитимната, пучистичка, анти-уставна, марионетска Хунта врз Македонската референдумска волја од 30ти Септември, Време е за Формирање на Народното Уставотворно Собрание најавено пролетоска: Народното Собрание ги Објави Принципите на 4та Македонска Република и Повика на Соборување на Хунтата на Итни Избори или со Директна Демократија! Враќање на Асномските Принципи на Македонската Државност и подршка на единствената легитимна институција во Македонија, Претседателот на Републиката, Ѓорѓе Иванов!

 

 

 

Учествувајте во неговото создавање и кликнете долу на анкетата!

 

[socialpoll id=”2524060″]

 

3 thoughts on “Се Наѕира Свикувањето на Народно Уставотворно Собрание за Возобновување на Македонската Државност!

  1. Тоа што е тешко спечалено не се дава на никому. Тоа што е подарено не се цени и се дава секому. Македонија ја стекна својата слобода во Втората Светска војна сама со свои сопствени сили ,само со свои жртви. Русија и Македонија беа единствените што сами се ослободија од фашизмот. Дури и Русија во јуришните напади за протерување на фашистите од Европа и Балканот, ја одмина Македонија. Се виде тогаш кој се низ историјата има вмешано прсти во погромот на праисториската Македонија, на директен или индиректен начин. Не можеше ниту една велесила, во тоа време после осободувањето, да го негира нашето самоослободување и мораше да и се даде независност на Вардарска Македонија. За Егејска Македонија не стануваше ни збор да се одцепи од англо-германската творевина Грција. Затоа се случи и геноцидот и напалм бомбите и децата бегалци. Како репарација Бугарија требаше да ја врати Пиринска Македонија назад на матичната држава.Но западот реагираше за тоа да се спречи и изјалови!
    Референдумот за независност во 1991 година по се изгледа не беше доволно да сватиме што добивме после векови и векови немање своја незвисна држава. Секоја една држава мора да се роди низ борба и револуција, во спротивно нема да може да се цени она што се добило. Еве изминативе 28 години тоа се докажа како вистинито. Но сега, кога окупаторската чизма повторно згазна во Македонија, сега повторно имаме шанса за револуција како единсвен начин за формирање нова република, но сега на здрави основи. Да не оддолговлечуваме, да не се двоумиме. Ова е нашето време, ова е нашата чест со револуција до независна Македонија!

Остави коментар