Соопштение: Антимакедонскo Дувло. По повод новите одлуки на Антимакедонскиот Дом.
По повод новите предавнички одлуки од безбројната низа на предавнички дела на двата главни политички алати за македонско национално уништување, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повторуваме претходно искажаните ставови. Соодветно на името и називите кои ги носиме нашиот став бил јасен, сериозен и ист од почетокот:
– Еден од неизбежните предуслови за Македонците да не бидат губитничка и пропадната нација е распуштање на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ (и сите нивни сателити). Без тоа не можеме да ја повратиме силата на македонската личност со достоинство кое ни е одземено преку предавничките дела извршени од двете водечки предавнички партии.
– Помирувањето на поделениот народ за кое зборуваат и колонијалниот намесник трчилаж Зоран Заев и еднократнонаменскиот „лидер“ глумец-патриотот Христијан Мицкоски ќе биде постигнато само тогаш кога тие две партии нема да постојат.
– ДПМНЕ го гуши македонското родољубие. Нивната улога во политичкиот театар е да се стави капа и да се пригушат сите македонски родољубни движења. Македонското родољубие без подметнувањата од ДПМНЕ ќе развиеше и ќе развие голема сила каде предавничкото делување на геноцидната структура позади СДС ќе беше/биде невозможно и да се помисли. Секој обид за развивање на веродостојно македонско родољубие е бескруплозно газен од богатите патриот-профитери кои се кријат зад името ВМРО.
– Политичкиот систем во Македонија има нарушени процедури на демократија во корист на надворешни интереси уште од почетокот на државната независност. Со текот на годините тоа нарушување постојано се зголемува до ниво на политичка, правна, економска и културна окупација на македонскиот народ. Зоран Заев ниту го сметавме за Премиер ниту некогаш сме го ословиле како таков. Тој е Намесник кој предводи надворешно поставена Намесничка колонијално-окупациска Управа наречена Влада поставена за спроведување одлуки спротивни и погубни за македонскиот народ. „Собранието“ било и е гласачка машина која е тука да создаде фарса на легитимност на задачите поставени за Намесничката Управа.
– Го повторуваме она кое одамна го соопштивме: од одлуките на узурпираните државни органи можеме да ги прифатиме само административните одлуки од функционални потреби. Не прифаќаме било каква национална одлука. Заедно со, и во името на народот ќе работиме да ја оневозможиме нивната примена се до нивното отстранување.
– Нашата борба за враќање на украдениот македонски суверенитет ја насочуваме во развивање, јакнеење на граѓанска непослушност со сите легитимни средства на отпор. Со силата на народот како негови веродостојни претставници ќе извршиме притисок, сите чинители да ја почитуваат неговата волја.
Македонија на Македонците!
Заедничко соопштение
ТВРДОКОРНИ
МОС Македонски Обединети Сили