Заклучни Факти за Нелегалниот Референдум кој Македонскиот Народ го #Бојкотира – Златко Ковач
Сподели на социјалните платформи:

ФАКТИ ЗА И ОКОЛУ НЕЛЕГАЛНИОТ РЕФЕРЕНДУМ.

1. Референдумот на 30ти септември е за промена на македонското име и идентитет.

2. Референдумот не е за влез во ЕУ и НАТО.

3. Во ЕУ нема влез пред 2036та година. И по таа дата нема гаранции за влез, Франција и Холандија уште сега ни најавија вето.

4. Во НАТО нема влез пред 2020/2021ва година и тогаш само под услов целосно да ја спроведеме Тиранската Платформа за Голема Албанија.

5. Распишаниот референдумот во недела е нелегален и противуставен.

6. На референдум мора да има минимална излезеност (цензус) од 902.000 гласачи за полноважност + мнозинство кое гласало “ЗА” одлуката донесена во Собранието, за таа одлука да стапи во сила.

7. Доколку нема минимална излезеност (цензус), одлуката на Собранието се смета дека не е донесена.

8. Пратениците во Собранието немаат мандат да одлучуваат за уставни промени за промена на името.

9. Одлуката на референдум е посилна од одлуката во Собрание.

10. Македонците по род и државјанство веќе одлучија на референдум во 1991 година за “самостојна Македонија без додавки и придавки”. Таа одлука е на снага денес и е задолжителна за сите.

11. Власта во недела со сигурност ќе го фалсификува референдумскиот резултат за да испорача промена на нашето име и идентитет.

12. Единствен начин да не му одземеме легитимност на фалсификатот е да НЕ СЕ ГЛАСАМЕ т.е. ДА БОЈКОТИРАМЕ.

13. Соочена со масовниот бојкот, власта се служи со лаги, притисоци, закани, уцени и казни да обезбеди излезност (цензус). Не се плашете и не потклекнувајте, сочувајте го достоинството како Македонци. Ниедна диктатура не успеала па ни оваа нема да успее.

14. Сите што учествуваат во ова мрачно сценарио да се избрише македонскиот народ и нација ќе одговараат за велепредавство, геноцид и злосторство против човештвото.

#НикогашСевернаСекогашМакедонија
#НеГласамНаРеферендум

https://www.facebook.com/zlatko.kovach?hc_ref=ARSNA39PZqSiEyhseS5IlArPgAy6oGia-CU38zfWBswmg1JT2GHEL3E8RzeP628C6pw&fref=nf&hc_location=group

 

Остави коментар