Деновиве се обидов да навлезам и да прочитам помеѓу редови што би рекол Александар Пандов во Европската пропаганда на северниве која веќе стана политички маркетинг во државава, не бре се работи за школска пропаганда за ученици.
Слоганот на пропагандава на северниве гласи „ Излези за Европска Македонија“ Демек на референдумот се гласа за влез во ЕУ и НАТО што не е точно! што тие му кријат на народот? што е тоа што не му го кажуват на народот? дека за влез во ЕУ и НАТО е потребно промена на името Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, Му кажале ли дечкови од севернава на сопствениот народ, дека ние не го менуваме само името Македонија, туку и идентитетот, затоа што идентитетот на Македонскиот народ извира од името на држават. Го информирале ли сопствениот народ дека се работи за пара операција со која се брише државата Македонија и Македонскиот народ од Географската карта и од таблицата на народите.
Кого они лажат? И како ти сами се самозалажуват? Да се викаш Северна Македонија и да ти остане идентитетот како Македонец не е можен во тој случај, бидејќи се одзема името Македонија со кој нашиот народ се самоидентификува и од кои тој го црпи својот идентитет. Во името Македонија е симболички содржано историјата и се она што симболизира Македонија како поим. Чим на името Македонија му дадеш додавка се едно дали ќе биде пред или после името Македонија, тоа значи дека си му го сменил значењето и суштината на името Македонија, тоа вие исто како маж или жена со операција си го менува полот, во тој случај тогаш хормонски си го пореметува и сопствениот ментален склоп, на тој начин интервенирајќи во сопственото тело се интервенира и во менување на сопствената свест, а со тоа се брише и менува сеќавањето на минатото. Не може Германија да се прекрсти во Ашкеназија, а идентитетот на народот да остане Германски, ќе мора повремено Германецот да почне да се самоидентификува со новото име како Ашкеназ, па така е и со нас! не може ние да се нарекуваме Северна Македонија а идентитетот да ни остане Македонски, со самото менување на името се разбира дека се менува и идентитетот.
Колку што досега е јасно од работите, Античката историја ќе ја продадеме на Грците, Словенството и Словенската култура на Бугарите, па се до нашата историја во 1945 година веќе е на продажба на Бугарија која тврди дека сме еден ист народ само во две различни земји. Тогаш нас ни останува да не прогласат само како остаток од Бугарската и Српската нација, која треба да се дефинира како нација, односно Словени со мала и безначајна историја која ќе ни ја формулират Бугарите. Да бидеме на јасно дека Северните ни ја кријат вистината дека Македонскиот идентитет и јазик ќе бидат заштитени е најголемата нотарна лага, со името курбан иде и идентитетот.
Северниве преку нивната машинерска пропаганда го лажат народот дека со гласање на референдум за Европска Македонија дека ќе добиеме бесплатно здравство, образование и социјална држава, правна држава ќе сме станеле, ќе сме имале поубав и посреќен живот, не бре се работи за светото на бајките на браќата Грим. Е сега ако ми дозволите да бидам слободоумен и слободно да се изразам, од читањето помеѓу редови на пропагандава на северниве, можам да констатирам дека дечкиве од севернава одлично ни признават на ангро, ама баш све! дека никогаш не сме биле правна држава, ниту пак социјална држава, ниту пак дека сме имале образовна или здраствена политика, значи све е кажано, ама баш све! чим излегле како попчиња да ни го кажуват тоа, значи самите си признават дека до сега ништо не ни граделе, чим немаме правна држава, не се изградило социјлна држава со сето ова признаваш на ангро дека си неспособен ниту да изградиш правна и социјална држава, ниту образовна и здраствена политика, бидејќи само неспособниот може да бара друг наместо него да изгради како што барат ЕУ да им изгради е задача на нашите политичари, куќата и домот самите ние си го уредуваме и не бараме друг да ни го уреди, па така е и со државата.
За да излезеш со ваква пропаганда, а при тоа да не размислуваш што пласираш, би требало да си најглуп на светото, како оние двајцата од Американскиот филм „ Глупиот и поглупавиот“, бидејќи само такви луѓе можат да излезат на сцена и да кажуват дека се неспособни за ништо и до сега не успеале ништо да изградат, ами сега со влез во некаква си меѓународна организација ќе изграделе све. А само не знам како ќе изградат све кога еве самите признават дека не се способни да изградат ништо, ниту правна и социјална држава, ниту образвание, здравство, земјоделије, за ништо кадрави, ама со влезот во ЕУ све ќе изграделе истиве овие кои со својата пропаганда, токму тие кои преку неа ни признават дека се неспособни за ништо! одлична работа име е пропагандава за оној кој знае да чита од околу и измеѓу редови, за оној кој не знае еве му нека прочита.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.