Најгрозни Фашистички Методи на Поразената Хунта и Глобалистите! После Ирена и Ле Пен на Психијатрија!
Сподели на социјалните платформи:

Разулавените глобалисти и хунтата, поразени и вештачки одржувни на власт (види ги анкетите во ЕУ и Македонија) преѕрени од своите народи прогласуваат секого кој е против нив за луд! Хунтата и Глобалистичките Фашисти, Поразени од Своите Народи, Откако актерката Ирена Ристиќ, една од нивните шарени, која ја прозва Хунтата за 670.000 евра за цвеќиња околу зградата на владата ја притворија и однесоа во психијатриското оделение во Бардовци, сега и Ле Пен е пратена на психијатриско тестирање, од други пострашни и безпредпемтни причини. Затоа што е патриотка!

Во одлуката која несомнено ќе ги налути конзервативците кои не молчат како другите за ужасите на терористичките групи како што е ИСИС, францускиот суд одлучи дека Марин Ле Пен, лидер на партијата порано позната како Национален фронт (сега Национален рели) и претседателски кандидат на минатогодишните претседателски избори во Франција, мора да се подложи на психијатриска евалуација за да се утврди дали “таа е способна за разбирање на забелешките и одговарање на прашања”.

Со други зборови, судот ја третира Ле Пен како патриотизмот да е ментална болест.

Пресудата следи по формалните обвиненија што беа покренати против Ле Пен во март откако таа објави твитови со  фотографии од ужасни убиства од страна на ИСИС. 

Обвиненијата произлегуваат од серијата твитови “Ле Пен”, испратени во деновите по масакрот во Батаклан, каде што сподели вознемирувачки фотографии, вклучувајќи слики од обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоли.

“Ова и ИСИС!” Ле Пен напиша во насловот. Твитовите беа одговор на телевизиски новинар кој ја споредби ИСИС и француската десница на Ле Пен!

Одлуката ги ужасна конзервативците кои ја обвинија француската влада дека се обидува да го криминализира конзервативниот политички говор, бидејќи тоа беше само последниот пример на овој вознемирувачки анти-демкратски тренд во Европската унија, пишува Локал медиумот.

Ле Пен го објасни нејзиниот гнев поради одлуката, велејќи дека одлуката на судот се чувствува како “халуцинација”. Наредбата ја издаде окружниот суд во Нантер и беше датиран на 11 септември.

Наредбата бара тестовите да се спроведат “што е можно поскоро” за да се утврди дали Ле Пен “е способна за разбирање на забелешките и одговарање на прашања”.

Во знак на протест, Ле Пен изјави дека нема да оди на евалуацијата, буквално смел предизвик кон судот да ја затвори за спротивставување на нивниот налог. Таквиот предизвик ја подцртува хипокризијата на ЕУ во казнување на конзервативците во време кога стравот од распадот на еврото се засилува благодарение на неодамнешната популистичка политичка револуција во Италија.

Нападот врз конзервативците и патриотите и слободата а говорот следеше по ветувањето на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе се бори против “лажните вести” за да ја “брани либералната демократија”. Макрон, кој ја победи Ле Пен на гласањето, ги критикуваше руските медиуми, а особено РТ како агенти на пропаганда.

Кривичното дело Ле Пен е казниво со затворска казна до 3 години и парична казна од 75.000 евра. Сепак, силниот резултат на Ле Пен на гласањето за претседателските избори покажува дека голем дел од францускиот електорат знае дека овие акции се неразумни и антидемократски, со што се зголемува веројатноста дека прогонот на Ле Пен ќе се стопир.

И така, глобалистите и нелегитимната Хунта соочени со својот пораз од сопствените народи, панично посегаат по тоталитарни алатки кои ни се познати од времето на фашизмот и сталинизмот. Ќе завршат како и нив!

Остави коментар