На денешното рочиште за собраниските настани од 27 април минатата година сведочеше Сашко Коцевски, вработен во Собранието задолжен за електронскиот систем.
Како прв сведок, Коцески под заклетва сведочеше за моментот на изгласување на сегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери. Тој во мометот како вработен во техничките служби се наоѓал во собраниската режија и со колегите ги следеле камерите во пленарната сала.
За време на гласањето со колегите заклучиле дека Али Ахмети и Бранко Маноиловски од ДУИ не биле во салата во моментот на гласање. Исто така според сведокот, пратениците на БЕСА претходно излегле од салата.
Со ова сведоштво дадено под заклетва пред судот, повторно се отвора прашањето за легитимноста на изборот и за тоа со колку гласови бил избран Талат Џафери: Дека не бил избран со минимално потребните 61 глас, ако се земе во предвид дека според ова сведоштво во салата гласале 49 пратеници на СДСМ, 8 на ДУИ и 3 пратеници од Алијанса на Албанците.
Денеска покрај Коцевски, ќе сведочат и пратеникот Ферид Мухиќ, Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа.
Со ова се потврдуваат правните барања за одземање на легитимноста на Априлските анти-уставни пучисти поднесени до ЈО/ОЈО од страна на здруженијата “Преродба” и “Единствениот Македонски Пат” кои уште во Јануари доставија ургенција до ЈО/ОЈО. Дојдете Заедно да Побараме ЈО/ОЈО да Постапи по Законот и Да Им го Одземе Легитимитетот на Пучистите!
Според представникот на организаторите, Ана Бобинкова, правната ургенција се поднесува затоа што одамна се пробиени и не се испочитувани сите рокови за постапување на ЈО по доставеното Барање (од 21.03.2017 г.) за ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ОД 11 ДЕКЕМВРИ 2016 ЗА НЕДЕМОКРАТСКИ И НЕРЕГУЛАРНИ.
Доаѓа време правото да почне да се враќа во државава и после поразот на нелегитимната Хунта на 30-ти септември да почне обновата на Македонската државност: Проф. Каракамишева: Патот до Обнова на Македонската Државност после 30-ти Септември!