Проф. Каракамишева: Патот до Обнова на Македонската Државност после 30-ти Септември!
Сподели на социјалните платформи:

БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ФАЗИ:

1. Неуспешен референдум,

2. Итно поништување на договорот,

3. Делегитимирање на предавничката власт,

4. Предвремени избори,

5. Офанзива во ООН за враќање на изгубеното,

6. Одговорност за сите учесници во сценариото,

7. Севкупен рестарт на државата!

ЌЕ ПОБЕДИМЕ!

Повеќе од анализата на Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска за предавничкиот договор од текстот подолу:

Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска
СДС, ЧУВАЈТЕ СИ ГО ДОГОВОРОТ ДОМА АКО ВИ Е ТОЛКУ ЛИЧЕН!
(прв дел)
Не знам какво ви е вам чувството, ама јас одлучив да не го слушам прескапо платениот крекачки оркестар на релативизитори и лажови и нивниот геноциден опис и попис на она што треба сами да си го направиме за да умреме на својата 27-ма година, замислени како по нашата 15 годишна народна смрт ќе влеземе во некакви сојузи како зомбирани граѓани! Се трудам, не да не, ама еве не им ја разбирам логиката, затоа што едноставно ЛОГИКА НЕМА!
Прво, од официјалните изјави на челниците во ЕУ може да се заклучи дека Унијата не сака очи да ни види во наредните најмалку 15 години! Тоа го рекоа сите релевантни лидери што нешто значат во Унијата!
Второ, наредната година се изборите за Европскиот парламент кои ќе донесат огромен пресврт во политичките позиции на Унијата! По новите европски избори ништо нема да биде исто ниту во Комисијата, ниту во Советот на ЕУ, ниту во Европскиот совет! Можна е сериозна внатрешна реорганизација која одамна се најавува, но сега изгледа добива најмногу плодна почва! Идеите за формирање „клуб на клубови во Унијата“, како и Унија трансформирана во концентрични кругови се се погласни наспроти најрадикалните најави дека наредната година се можни и нови сценарија за ЕГЗИТ на повеќе држави!
Најавата на Орбан дека сериозно размислува Унгарија да го започне излезот од Унијата е најсвежа! Во таа насока е и шведската, италијанската, полската, чешката политика! Во една ваква констелација на односи, кога во Унијата врие, СДС се одлучува за френетична и лажна пропаганда дека референдумот е за наше зачленување во ЕУ и во НАТО што е стратегија НАДВОР ОД УМОТ! Пукање во срце со калашњиков!
Има ли некој од СДС со три чисти да излезе и јавно да се спротивстави на оваа тешка манипулација со граѓаните? Па да беше референдум за влез во ЕУ ќе требаше сите поглавја да бидат веќе затворени, а не ниту едно отворено како што е сега, и „за“ одлуката за влез во ЕУ да гласаат најмалку 903.000 гласови плус референдумот да биде задолжителен, а не консултативен како што сега го утврди Заев усно?!
Ако оваа лага не е доволна еве одам натаму.
1.Во референдумското прашање договорот со Грција е ставен во контекст на нашето зачленување во ЕУ и НАТО, а не во тоа што создава нова држава, нов народ, нов идентитет на Македонците кои ќе бидат прекрстени во некакви граѓани! Овој референдум не е ниту за членството во ЕУ, ниту за НАТО, туку ИСКЛУЧИВО И САМО ЗА ПРОМЕНА на уставното име на државата, за промена на македонскиот национален идентитет, за промена на македонската историја, култура, традиција, референдум за ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! Сето обезличување мора да се направи на референдум за да странците и нашиве предавници си ги исперат рацете! За да не сносат никаква одговорност! Референдумот им е перфектно смислен план за перење на своите валкани раце! За утре, ако не дај боже биде успешен референдумот да почнат со приказните „ама ете вие така сакавте, ние само ја спроведуваме демократската волја на граѓаните!“
2.Се релативизира се до степен на дебилност која ни ја навредува нашата колективна, но и лична интелигенција. Да се каже јавно, јасно и гласно дека од овој договор нема подобар и дека за Македонците ова е историско лото или бинго за иднината е навистина блудничење врз сите наши здраворазумни сетила. Да се разбереме од старт, овој договор е едно такво преварантско и расипано копиле од текст што не вреди ни опис да му дадеш, не па да го примениш на своја кожа. Ама кога бумбар е застанат на чело колоне мора да се биде исклучително внимателен кој измет ќе го заобиколиш, а кој ќе му го вратиш во лице! Затоа што ваков ексклузивен измет друг бумбар не ти носи!
Што му фалело на договорот, тоа е најчестото прашање што го добивам од симпатизерите на Заев. Иако се се поретки, сепак симпатизери се, мора да бидат удостоени, мора да им се објасни на сите, па макар нека се и најзакоравени и најиспрани во умот! Секој еден мора да биде свесен што презема за своја, ако веќе не се сеќираат за колективната судбина и иднина!
1. Договорот е срам за меѓународното право. Тежок нокдаун за вековните меѓународни правила и норми. Тежок удар врз човековите права, врз слободата и демократијата. Тежок дебакл на Уставот на РМ и законите, и тоа на домашен терен нанесен од домашни играчи! Со овој памфлет од хартија инфлагранти и in concreto се повредуваат сите документи што се набројани во преамбулата на договорот. Целиот вординг користен во преамбулата е обратен од она што договорот ќе го донесе во пракса кога ќе почне неговата промена! Договорот ја крши Повелбата на ООН, ги крши сите релевантни акти за заштита на човековите права, ги крши актите на ОБСЕ, а посебно ги гази вредностите и принципите на Советот на Европа. Поради ваквата фалична содржина која многу лесно може да се докаже пред судските органи ќе се бара негово поништување!
2. Договорот е правно непостоечки, бидејќи е склучен меѓу една држава која има правен субјективитет и својство на правно лице, тоа е Хеленската Република, и „Втората страна“ која како no name страна нема утврден правен субјективитет, нема дефинирано име! Потписот на Никола Димитров не ја дефинира втората страна. Димитров е неовластено лице да потпишува ваков вид договори. Од друга страна, тоа што намерно и со умисла да успее обезличувањето на Македонците е ставен и втор дел во договорот кој се однесува на прашања од областа на економијата, здравството, спортот, земјоделството итн. не му дава овластување на Димитров да биде негов потписник. Мешањето на национални, идентитетски и историски прашања со економија, туризам, спорт и рекреација е врв на политичкото самоволие, но и казниво дело! Ставање потпис на договор што не е во твој делокруг на работа Никола е казниво дело! И ти тоа добро го знаеш, затоа веднаш се скри зад Владата ама тоа не те ослободува од твојата индивидуална одговорност! Во Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори прецизно е утврдена постапката за склучување на меѓународен договор што ти, Никола, целосно ја погази, исто како и Уставот! Како склучен од неовластено лице, овој договор не може да произведува правни последици, дополнително што Законот за неговата ратификација не е потпишан од претседателот на Републиката и не е објавен во „Службен весник“!
3. Договорот не е договор! За договор треба двете страни да имаат согласност, да има реципроцитет во правата и обврските, посебно да биде симетричен во обврските и приближно еднаков во правата! Овој „договор“ е радикално асиметричен, и со ултимативен карактер, бидејќи создава само обврски на „втората страна“ и права за Хеленската република. Условените обврски на Хеленската република не се сметаат за вистински обврски, бидејќи се условени од остварувањето на обврските на „втората страна“ што е само по себе уцена!
(продолжува)

 

2 thoughts on “Проф. Каракамишева: Патот до Обнова на Македонската Државност после 30-ти Септември!

  1. Што сте се запнале со таа Европа? Ние сме Европа! Која Европа ја бараме кога таа е тука во Македонија! Можеби ова им звучи чудно и налудничаво на оние кутри душички кои не си ја знаа својата вистинска историја, па како вејки на ветрот се нишаат на секе ветренце кое доаѓа од Брисел, лилката на новиот вид фашизам на денешницава. Европа со сета нејзина култура доашѓа од нашата света Македонија. Европа е нашето дете. Е сега друга е работата дека порасна пилето и ја исколва квачката!
    Да не си мислите во тие ваши пилешки умови дека Европа ќе ви донесе пари без работа! Е тоа никаде го нема! Европа нема ништо да ви даде, ами ќе ви ги земе слободите кои со раѓање ги имаме…ќе ви забрани да бидете домаќини, да си варите ракија, да правите ајвар во дворот, да си ги воспитувате и раснете детцата по ваш терк и култура, ќе ви натокми давачки за кои не сте ни знаеле дека постојат (на пример такса за дождовна вода).
    Во Македонија имаме се, но не за долго, ако не престанете да не си го цените златото што ви стои в скут, ами посегнивате по ѓубрето европско. На што мислам кога велам не за долго? Не ми е мислата дека некој ќе не уништи или преименува. За тоа треба дозвола од самите нас! Мислата ми беше за: Криволак и ослабенот ураниум (за која информација неколку дена сите се запалија, а потоа…секое чудо за три дена), за чудните траги од “водена пареа” кои ги испуштаа авионите, кое не се ништо друго ами алуминиум и бром (првиот не труе, вториот не прави стерилни), за воведувањето ГМО……работи кои тешко се искоренуваат и чистат од почвата и воздухот!
    Европа, НАТО, некој си договор од Преспа, па Тиранска платформа…..ДОСТА! Велам доста на правниците, политичарите, аналитичарите, медиумите…доста ни го трошат времето, живците и душата! Доста за сите! Ако бевте способни немаше да дојдеме на ова дереџе. И народот е крив во сето тоа оти после 28години никако да свати дека никој не работи во нивна корист!
    Нема правна разврска на овој Горидиев јазол. Читајте ја нашата славна историја! Можеби ќе научите што треба да се направи. Што направил нашиот Александар Македонски со Гордиевиот јазол? Тоа народот треба да им го направи сега на сите негови сатрапи испреплетени во еден јазол. Јазолот е референдумот! Мечот е нашиот БОЈКОТ!
    МОЈ СОВЕТ: Исклучете го телевизорите, радијата, интернетот, фејсбукот. Не читајте ништо во врска со Македонија до 30ти септември. Одморете си го и мозокот, мислите и душата. 30ти септември потрошете го на себе си, своите најблиски, роднините, пријателите… Потришете го денот на ситни мали задоволства, кои не коштаат ништо, ама ви ја исполнуваат душата. Потсетете се на нашите починати, на нашите далечни претци. Почнете да правите светли планови за својата и иднината на вашите деца. Гледајте на сиот овој мрак кој ни ги наметаа, како на лош сон кој ќе заврши утрото на 1ви октомври. Посакајте се најубаво за себе си, за своите ближни…за Македонија, оти позитивните мисли носат позитивна енергија, позитивни случувања…светла иднина, а темнината неможе да ја трпи светлината, па ќе исчезне. Љубовта секогаш го победувала злото. Тоа ќе се случи и овој пат! Бидете ми живи, здрави и весели мои вистински Македонци! Главата горе и БОЈКОТ!
    Се извинувам за долгото образложување.

  2. Da se razbereme vo edna rabota,Grckite Politicari vo sto Iskreno Veruvam “NEMAAT NISHTO PROTIV IMETO MAKEDONIJA” no se SMRTNO UPLASHENI od SOPSTVENICITE na IMOT vo BELOMORSKA MAKEDONIJA koj Bea PROTERANI so Pomosh Debela na UK vo Vreme na Cherchil (Velika Britanija) za Vrednosta na toj IMOT koj se Meri vo DESETICI Milijardi EVRA I TOA Ne E Problem za Grcite Oti Se MAHERI za TROSHENJE TUJGI PARI (Grckiot Bankrot Isfrli na Videlina 750 milijardi Evra rasfrlani od Grcite po poteklo od EU i SAD) NO ZA NIV E PROBLEMOT sto Golem Del Od PROTERANITE MAKEDONCI od BELO-MORSKA MAKEDONIJA Se Poprilicno DOBRO Situirani vo Zemjite Kade ZIVEJAT pa Taka toj Imot vo BELOMORSKA MAKEDONIJA Nemaat POTREBA da Go Prodavaat AMI Za INAET i PATRIOTSKA DOLZNOST NEMA Da PRIFATAT Bilo Kakva CENA (Imashe Komentar od Semejstvo vo SAD koj Poseduvaat Imot vo Solun Vreden skoro Pola Milijarda Evra deka Toj IMOT E MAKEDONSKI i kako Takov NE E ZA PRODAVANJE i koga Togash ke se Vrati kaj Vistinskite SOPSTVENICI te.PROTERANITE MAKEDONCI , a toa Semejstvo Poseduva vo SAD Povejke Milionski BIZNISI)..!! Znaci da REZIMIRAM””I da Promenime Ime i Prezime pa i USTAV i ZAKONI pa i USTAVEN SUD i VRHOVEN SUD itn””Grckata DIPLOMATIJA Nema da Ni DOZVOLI da Bideme na IST ASTAL so NIV kaj sto Ke MOZE vo Sekoja PRIGODA da se BRECNAT Grckite Diplomati za Nivnata “”Demokratija ili LULKA na DEMOKRATIJATA”” kade PROTERANITE MAKEDONCI nemaat Pravo da upravuvaat so svoite imoti a KAMO Li da OCEKUVAAT Nekakvi Nacionalni i COVEKOVI PRAVA.??? E Ova Ne Im E Bash Poznato na Deep State a Ke Se RAZOCARAAT od Grckoto Odbivanje na ABDALSKIOT Dogovor so Zajko and OPINOK-BANDATA od sds.??? REFERENDUM Ne SMEE da IMA ,Ne SMEE Segashnava Generacija da Odlucuva za Idnite GENERACII a i za MINATITE GENERACII MAKEDONCI koi gi POLOZILE ZIVOTITE za MAJKA MAKEDONIJA… DA ZIVEE MAKEDONIJA i MAKEDONSKIOT NAROD kade I da E GOSPOD E GOLEM , GLEDA , PONEKOGASH ZABAVA AMA NE , NIKOGASH NE ZABORAVA….Zatoa Abdali Predavnicki Ne Sakam da Vi BIDAM vo KOZINKATA Vasha SMRDENA KE GO KRKATE od GOSPOD

Остави коментар