“Научната” дебата за договорот од Преспа покажа дека МАНУ е дувло на интелектуалното дно на Македонија кое ќе мора од корен да се чисти. Дебатата и официјално почна со учество на политичари. На конференцијата во МАНУ се обрати “научникот” и пучист Заев кој порача дека спогодбата го гарантирала македонскиот идентитет и јазик, а во исто време ги отвора вратите за интеграција на земјата.
Пред академиците се обратија и американскиот, францускиот и германскиот амбасадор. Се работи за тежок комприс, но воедно и визионерски и прагматичен, истакна еден друг “врвен научник”, Бејли, зборувајки за придобивките од догворот.
Таки Фити договорот го оцени како добар и економски перспективен. Тој се надева дека ќе се изнајде начин името на инsтитуцијата на кој тој е престедател, да не се менува иако со имплементација на спогодбата од Преспа, придавката македонски мора да биде заменета со официјалното име на државата. Владо Камбовски ќе се залагал МАНУ да не се преименува во АНУС.
Сепак во академијата има и поинакви мислења во однос на догворот, а е еден од нив е и писателот и академик Радован Павловски кој не може да се помири со тоа дека со договорот ќе стане северномакедонски поет.