Секоја Хунта Која Прислушкува и се Заканува на Обични Граѓани Паднала! Слобода! Стоп за Фашизмот!
Сподели на социјалните платформи:

Не е само Марјанче Стојановски, во Македонија се кршат основните човекови права на обичните луѓе без срам и перде, нешто што го немало ни во најлошите времиња на Фашизмот и Комунизмот или Северна Кореја и Иран!

Во пресрет на референдумот кој ќе се одржи на 30ти месецов, граданочалникот на Општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат.

Економски Лидер стигна до ексклузивно видео од состанок на Стојановски со вработените кои се бунтувале на перманентниот притисок од негова страна и заканите кои постојано ги добиваат од општината за преместување од нивните работни места и отпуштања.

-Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму. – им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето.

Ваквата закана на Стојановски отвора простор за тоа дека МВР масовно незаконски ги прислушува граѓаните, по што би требало да биде отворена истрага од страна на обвинителството.

Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори од редовите на СДСМ. Претходно работел во Министерството за внатрешни работи.

Остави коментар