Хотелот „Арка“ во старата скопска чаршија вчера бил нападнат од страна на 20-на шиптарски вандали кои исо така го блокираа единствениот пристапен пат до хотелот „Арка“.
Синоќа сопственикот на социјалните мрежи напиша дека во хотелот се случувала вистинска драма и дека неговиот објект е нападнат од 20-на хулигани.
“Во моментов како заложници во хотелот сме сопствениците и персоналот, како и 30-ина странски гости на кои не можеме да им ја објасниме целата ситуација. Ова е резултат на неколку месечен напад со цел насилно затварање на хотелот и превземање на паркинг просторот, а истото е поттикнато од нашата етничка припадност, како последна македонска фамилија која оперира во Старата Скопска Чаршија и овој дел од градот. Објектите и опремата кои се уништуваат се сопственост на хотел Арка и за истите имаме соодветни одобренија и дозволи.
Хотел Арка е еден од првите хотели со 5 ѕвезди во Скопје и годишно опслужува преку 7000 гости. На жалост во моментов насилно сме приморани да го затвориме хотелот после 14 години напорна работа. За горенаведените проблеми се известени МВР, Град Скопје, Државен градежен инспекторат и Управа за заштита на културното наследство (бидејќи паралелно се рушат објекти заштитени со Законот за Старата Скопска Чаршија), но до сега нема никаква позитивна реакција“, вели директорот Сашо Џиковски во дописот до медиумите. ”
Газдата тврди дека ги има сите дозволи а соседите велат дека неговиот хотел узурпира јавна површина и блокира пристапен пат.
И покрај снимките од безбедносните камери МВР тврди дека не бил нарушен јавниот ред и мир.
– По одредено време, превентивно, повторно е излезено на лице место и по извршениот разговор со лицата затекнати пред хотелот, полицајците биле известени дека засегнатите страни се упатиле во Општина Чаир, појаснуваат од МВР.