Прочитај и гласај подолу! Bizzy – Бојкотирам
Оу, Бизи во кабина!
Врзи каиш!
Рап Титан.
Вожњата е дива.
Две декади богувам во Рапот.
Непобитен ми е стилот.
Интровертен ми е ставот.
Контра на се’. Контрам!
Бог Рап.
Ме неќе власт ни опозиција, по двете, дека, мокрам.
Не знам за стоп знак.
Само е Бог над!
Уринирам врз било чиј состав.
Дај лист – ќе го насликам времето.
Не се трудам да се допаднам, само го терам своето.
Пишувам за неправди и казни што ќе следат,
зашто овој народ како ѓаволот бега од Бога.
Гласате апаши!, па краделе? Ебаго!
Да не чекаш да станат во одбрана на својот народ?!
Декада Груевски не’ упропасти!
За СДС да зграби власт и скроз да не’ згази.
Нема сомнеж! Ние сме криви!
Нема сомнеж! Криви што се живи!
Нема сомнеж… секој од нив е тиран!
НЕМА СОМНЕЖ! БОЈКОТИРАМ!
Бојкотирам!,
и Мицкоски и Заев!
Бојкотирам референдум!,
и барам назад знаме!
Бојкотирам ЕУ и НАТО!
Бојкотирам МПЦ да биде дел од пазарот!
Ако не сум јас… ако не си ти…
Нема кој да ја чува Земјава; знаеш ли?!
Не ја наследивме од татковци…
Туку ја позајмивме од наши ќерки и синови!
Во гроб се вртат Гемиџиите…
Коските ги сврбат… За што ли се убиле?!
Овој народ продаде се’ што ни дариле
и тие и други, што умреа за Македонците!
Има крај мојата тага, али не и мојот гнев;
и ќе дојде тој ден за пак бек!
Дезертери, душмани… што ќе правите?!
За смрдени пасоши, човече, се потатаривте!
Нема сомнеж! Ние сме криви!
Нема сомнеж! Криви што се живи!
Нема сомнеж… секој од нив е тиран!
НЕМА СОМНЕЖ! БОЈКОТИРАМ!
Directed by Bizzy.
Music by BeatBrothers.
Audio production by Meckarov (MWP production).
Cast:
Bizzy,
Lizzy.
[socialpoll id=”2514516″]