Базирано на написот на авторот Мак Славо преку SHTFplan.com. Во последните неколку години главните социјални медиуми, вести и видео платформи активно се вклучија во цензурата на она што тие веруваат дека се лажни вести и информации. Најчесто предводени од организации за “правна заштита за трети лица”, за кои e познато дека имаат пристрасни ставови против патриотите и се спонзорирани од Сoрос, и има безброј примери за објави и коментари кои се или забранувани или нивната дистрибуција е потисната како што е случај и со коложег.инфо. Иако со над 3.000 следбеници, објавите на коложег.инфо одат само до максимум 10% од нив. Препорака, посетувајте го директно сајтот на блогот kolozeg.info и споделувајте ги вестите во ФБ групи итн.
Додека, секако, постои човечки елемент вклучен во разгледувањето и обележувањето на информации, мега Силиконската долина конгломерати, исто така, имплементира и автоматски системи за идентификување на потенцијален говор на омраза и слични содржини.
За да добиете идеја за видот на автоматизација и кои зборови и идеи се идентификуваат како спротивни на принципите на медиумските агрегатори и дистрибутери под контрола на Сорос, Фејсбук неодамна забранил основачкиот документ на Америка да биде објавен на профил!
Од 24 јуни, Либерти Обласен Весник од Либерти Каунти, Тексас, објавува на ФБ дневно извадоци од декларацијата во периодот до 4-ти јули. Идејата беше да се охрабри историската писменост меѓу читателите на весникот.
Првите девет такви натписи на проектот поминаа без инциденти. “Но, делот 10”, пишува за уредникот за на весникот, Кејси Стинет, “не се појави”. Наместо тоа, добив известување од Фејсбук велејќи дека објават “оди против нашите стандарди на говор на омраза”.
Ставот за кој станува збор ги содржеше ставовите 27 до 31 од Декларацијата за независност, делот за поплаки во документот каде што колонистите што ги поставуваат детално ги толкуваат сите непомирливи разлики што ги имаат со кралот Џорџ III.
Стинет вели дека не може да биде сигурен за тоа што точно ја попречува политиката на Фејсбук, но тој претпоставува дека тоа е став 31, кој го пишува за “Британскиот Крал Џорџ III предизвикува домашни востанија меѓу нас и се трудеше да ги доведе безмилосните Индијански дивјаци на нашите граници.” (звучи познато, замени го Џорџ III со Џорџ Сорос и ништо се нема променето.
Отстранувањето на објавата беше со автоматско дејство, а Стинет испрати “порака со повратна информација” на Фејсбук со надеж дека ќе допре до човечко суштество кое потоа може да ја ослободи Декларацијата за независност од обвниениео за говор на омраза.