НАТО е застарено бидејќи Европа ја третира Америка како гарда. Нека си бркаат ЕУ работа сами, пишува и Кристијан Вајтон во Американскиот Нејшнал Интерест. Дека Трамп е одлучен да ја скрши НАТО алијансата пишуваат и Вашингтон Тајмс, Блумберг итн.
Пред претседателот Доналд Трамп да почне вистинска дипломатија со рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Хелсинки на 16 јули, прво ќе се случи уште еден самит. Лидерите на НАТО континуирано ги уверуваат САД дека се најдобри сојузници на Америка иако повеќето не придонесуваат многу за одбраната на Америка и плус прават огромните трговски суфицити со САД. Трамп ќе инсистира на подобар договор за САД, но треба да оди подалеку и да го намали членството на САД во НАТО.
Во сличен стил, како и Британскиот Димпломат Крејг Мари (Британски Амбасадор Признава, НАТО е Минато! Нема Веќе Потреба од Неговото Постоење!). Откако Алијансата беше формирана во 1949 година, нејзиниот прв генерален секретар, Хестингс Исмај, ја прецизираше својата цел концизно: “да ги задржи Русите надвор, Американците на врв и Германците долу”. Речиси седумдесет години подоцна, ниту едeн од овие проблеми веќе не постои. Исто така, спротивставениот сојуз на НАТО за време на Студената војна, Варшавскиот пакт не постои а самиот Советски Сојуз замина во историја во 1991.
И покрај бескрајните напори за измислување “нова мисија” за оправдување на огромниот товар врз американските даночни обврзници, НАТО од тогаш не беше многу корисен. Како што нé потсетуваат неговите приврзаниципо 11 септември, Алијансата се повика на нашата одредба за заемна одбрана од член 5 во наше име. Но, акцијата од американските сојузници не го следеше нивниот “грандиозeн” вербален гест – мисијата на НАТО во Авганистан најмногу се потпираше врз американските сили и пратично не успеа.
Денес, бирократите на Алијансата и некои земји-членки ја истакнуваат заканата од Русија како причина за одржување на организацијата. Сепак, одбранбените буџети на членовите на НАТО не одразуваат вистинско чувство на опасност од Русија или некој друг. Меѓу дваесет и девет члена, само САД се навистина сериозни во врска со обврските од член 3 да се бранат себеси, трошејќи околу 700 милијарди долари или 3,5 отсто од БДП за одбрана. Ниту еден член на НАТО не доаѓа блиску до овој процент, а огромното мнозинство не успева да го исполни само скромниот, самонаметнат услов да посвети најмалку 2 отсто од БДП на одбраната.
Велика Британија и Полска се ретки членови кои го исполнуваат условот од 2 проценти. Еден од најлошите слободни возачи е Канада, која троши само еден отсто од БДП за безбедност, во износ од 20 милијарди долари. Понатаму, Германија троши слично патетични 1,2 проценти.
Споредете го тоа со земјите кои не се членки на НАТО кои се соочуваат со вистински закани, од кои некои трошат 5-10 отсто од БДП за одбрана. Тука спаѓаат Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои мора да се борат со Иран и да потрошат речиси 100 милијарди долари. Израел, кој се соочува со истиот непријател, додава 15 милијарди долари во равенката.
Минатата година, Алијансата ја прими Црна Гора. Сега е подготвена да ја зачлени Македонија, што би значело дека САД се обврзаа да ја бранат нацијата која посветува само 120 милиони долари годишно на своја одбрана. Но реалноста е дека не постои вистински способен руски непријател што сериозно му се заканува на Западот.
Но нема да слушнеме ништо за вакви нијанси на самитот на НАТО, бидејќи излитените елити на стариот европски политички поредок се собраа за да го обвинуваат и напаѓаат претседателот Трамп.
За да излезе од овој навредлив однос, Трамп треба да го започне процесот на ограничување на улогата на Америка во НАТО. Добар модел е Шведска, која соработува со НАТО за некои прашања, а не за другите. Како дел од овој план, Трамп би можел од Европа и да ги префрли повеќето ресурси потрошени таму и во Атлантикот во Индо-пацифичкиот регион, каде што Кина и Иран претставуваат реални закани за Америка и против кои НАТО е ирелевантно.
Една слика иљадници зборови.
Рампе седи а сите останати усташе.*
* Минимакс