ЕУ Политичарите и Медиумите (Освен Хунтата, Хан и Ќориот Геро) Јасни, Македонија Не Е Поканета!
Сподели на социјалните платформи:

Доволно е да се погледаат ударните наслови на европските медиуми за да се види проѕирниот, очајнички беден 19ти век пропаганден трик “за датумот” на Хунтата и продадените Соросови медиуми кои како да не знаат дека денес постои интернет и уште живеат во медиумското време на Танјуг и “Говорит Москва”. Платеничките Слободен Печат, Либертас, итд се тие кои се платени да лажат и да го јадат колнатиот платенички чеб премолчувајќи факти како например овој: Соросоидните ФејкВести Медиуми во Македонија Подло Премолчуваат дека 4 Членки на НАТО Преферираат Да ги Брани Русија а не САД!

Имено, владите на ЕУ во вторникот (26-ти јуни) се согласија да ја одложат одлуката за започнување разговори за пристап со Македонија и Албанија до следната година, и тоа ако двете балкански земји спроведат нови реформи пишува EU Obsberver.

Министрите на ЕУ ја одложија одлуката за прием во Албанија и Македонија. Двете балкански земји мора да постигнат напредок во подобрувањето на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал пишува Политико (Politico.eu)

Или пак и самиот Дојче Веле, Гласот на ЦИА, (Прочитај повеќе тука на Коложег.инфо) разочарано пишува: Разговори за членство во Македонија и Албанија – ЕУ секогаш успева да разочара!

И дека поданичкиот квислиншки мозок не може да сфати дека предавсвото на својата земја и “виткањето кичма” не се доволни аргументи за некој да те цени и покани. Значи ни виткање кичма не помагало како што си мислеа предавниците. Не Било до “Виткање Кичма”! Холандскиот Министер за Надворешни Работи Стефан Блок рече дека поради корупцијата и криминалот на Хунтата нема повторно разгледување до следниот ЕУ извештај во Јуни 2019! Холандија: Не Подржуваме Почеток на Разговори со Македонија Поради Растот на Корупцијата и Криминалот! “Сакаме да донесеме нова пресуда врз основа на извештајот на Европската комисија во 2019 година”, изјави Стеф Блок за новинарите по состанокот. Холандскиот министер за надворешни работи инсистираше на тоа дека е потребен поголем напредок во борбата против корупцијата и организираниот криминал и почитувањето на владеењето на правото.

Министрите за прашања на ЕУ беа заплеткани во жестоката дебата околу отворањето на преговорите, бидејќи освен Холандија, и Франција заедно со Данска, продолжија да се противат на давањето зелено светло за двете земји и побараа понатамошни чекори во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Францускиот претседател Емануел Макрон тврди дека ЕУ мора прво да се реформира пред да прифати нови членки, но исто така сака да го избегне прашањето за проширувањето кое одигра улога на европските избори следната година. Или пак Ројтерс кој пишува во насловот: ЕУ ги откажа разговорите за членство на Балканот, бидејќи Франција бара реформи.

А Северна Македонија отиде на ѓубриште. Победи Македонија! Квислинзите во Македонија во шок од “откачувањето” од страна на ЕУ, пишува Лондонски The Economist:

Но зошто би им верувале на самите ЕУ представници, кога се тука квислинзите и ќориот Геро да ни објаснат дека тие, всушност, виделе датум, кој никој друг не го видел. Пинки го виде Тито! 

 

 

Остави коментар