Холандија нема да ги поддржи разговорите за пристап со ЕУ за Албанија и Македонија, бидејќи се уште е рано да започнат преговори со двете балкански држави, рече министерот за надворешни работи, Стеф Блок, пишува DutchNews.nl.
Говорејќи за време на состанокот на министрите на ЕУ во Луксембург, Блок рече дека прво сака да види напредок во однос на “владеењето на правото, борбата против корупцијата и борбата против организираниот криминал. “Ова се исклучително важни прашања”, рече министерот.
“Сакаме да донесеме нова пресуда врз основа на извештајот на Европската комисија во Мај 2019 година”, изјави Стеф Блок за новинарите по состанокот.
.”Ќе го разгледаме внимателно на извештајот на комисијата следната година [за напредокот во проширувањето] за да се суди дали го гледаме овој напредок“, рече тој.
Европската комисија во април предложи започнување разговори со двете аспиранти за членство во ЕУ, велејќи дека е постигнат доволно напредок во справувањето со корупцијата и криминалот.
Сепак, на состанокот во вторникот, министрите за надворешни работи се согласија да го одложат почетокот на какви било разговори до следната година.