Народот и Претседателот Сплотени во Одбраната! Уште ДПМНЕ да го Напушти “Театарот” и Името е Спасено!
Сподели на социјалните платформи:

Претседателот не го потпиша предавничкиот договор! Ѓорге Иванов дециден – не прифаќам промена на Уставот со цел промена на името. Со тоа Македонскиот Претседател покажа дека е единствен и цврст Уставобранител и дека цела Македонија се обединува околу единствениот легитимен институционален столб на Македонија а против надворешно инсталирана нелегитимна квислиншка Хунта која крена рака на голораки жени и деца! Хунтата Паѓа! Во Страв Удри на Голораки Жени и Деца и си го Соголи Грдото Недемократско Фашистичко Лице!

Останува уште единствената парламентарна опозиција, ВМРО-ДПМНЕ да го напушти парламентот и да го подржи Претседателот Иванов и Македонскиот Народ – кој со Третите Опции протестира веќе година и пол – и Македонија да биде спасена! Прочитај повеќе овде ДПМНЕ да Предизвика Избори Веднаш, не да Моли за 2019, Потврдувајќи Дека не е Играч на Поразените Сорос-Бејли! и овде Одбрана на Македонија во Три Точки: Народот, Иванов и ДПМНЕ да Излезе од Собрание! (Анализа на Златко Ковач).

Сега преспанскиот договор се враќа назад во Собрание – пратениците повторно ќе го гласаат. Иако има рок од 30 дена од изгласувањето на законот за ратификација на договорот да го стави повторно на гласање, се најавуваповторно експресно недемократско и анти-уставно да се закаже седницата за повторно усвојување на Преспанскиот договор. Експертите велат дека Законот никогаш нема да стапи на сила се додека Ѓорѓе Иванов е претседател, и му трае мандатот.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година, и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

Во продолжение, интегрално го пренесуваме писмото од претседателот Иванов до Собранието на Република Македонија:

Почитувани,

Во извршувањето на функцијата Претседател на Република Македонија секогаш постапувам одговорно и своите права и должности ги вршам врз основа и во рамките на Уставот, законите и интересите на Република Македонија.

Затоа, врз основа на член 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишам Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година, и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 20 јуни 2018 година.

Одлуката ја донесов поради следните причини:

1. Немам мандат да го потпишам Указот за прогласување на законот за ратификација на оваа спогодба. Еден од столбовите на мојата политика во изборната програма од 2014 година е дека „не прифаќам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Не прифаќам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот.” На претседателските избори 534.910 граѓани гласаа за оваа моја изборна програма и ме избраа на функцијата Претседател на Република Македонија.

2. Спогодбата излегува надвор од опфатот на резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, затоа што во нив се зборува за „разлика околу името на државата„, а не за „разлики” како што зборува оваа спогодба.

3. Спогодбата нема уставен основ и не е ратификувана во согласност со Уставот. Според член 118 од Уставот на Република Македонија меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок.

4. Законот за ратификација на спогодбата не е во согласност со член 51, член 118 и член 119 од Уставот на Република Македонија.

5. Спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција. Според член 308 од Кривичниот законик, „Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години”.

Озаконувањето на оваа спогодба создава правни последици што се основа за кривично дело.

д-р Ѓорге Иванов

 

 

 

2 thoughts on “Народот и Претседателот Сплотени во Одбраната! Уште ДПМНЕ да го Напушти “Театарот” и Името е Спасено!

  1. Уште некој чека на мочковците?!?
    Одлично е лајнава се ептен на површина.
    Само уште да се пуштат кај шо им е место…

  2. Уште ДПМНЕ да го Напушти “Театарот” и Името е Спасено!
    Перфектно лоцирање на проблемот. И Решението.

    Инаку оваа калакурница немаше воопшто да се случи. Хан, могерини, “меџународната”. Тоа се неизбрани сезонци само за еднократна берба.
    Ебати државата каде шиптараана ти се дип стејт.
    Поебати каде жута штампа и жути новинари оформуваат жуто јавно мислење. За една употреба.
    Најебати каде т.н. сороинтелектуалци јавно онанираат и се обидуваат да гасат пожар со капка. За троа пари.

    Секое зло за подобро. Ова и ни требаше. За да раскрстиме со отоманското и колонијалното наследство и изградиме свое Јас. Што рече еден опитен: “Dobro se razvivavte ama prebrzo.” Некои работи детски ги одминавме, па сега гризат од зад грб.

Остави коментар