EУ, Без Вишеградската 4-ка и Без да ја Праша Македонија, Си “Решила” Балканот да Стане Отпад за Мигранти!
Сподели на социјалните платформи:

Без да ја прашаат Македонија или другите соседни земји, неколку лидери на Европската унија во неделата ги поддржаа плановите за Северна Африка и Балканот да станат центри за мигранти јави Associated Press.

Во итните разговорите за миграцијата во Брисел, група од 16 земји предводени од Франција и Германија побараа Северна Африка и Балканот да станат центри за мигранти, да ги усреќат и нив откако и сами си ги “усреќија” своите сопствени народи со налудничавата миграциона политика по теркот на Сорос за разводнување на старите Европски нации и култури.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека “методот што ќе го прифатиме” ќе вклучи “соработка заедно со земјите на транзит и потекло надвор од Европската унија”.Премиерите на Данска, Белгија и Луксембург, исто така, ја поддржаа идејата за аутсорсирање на миграцијата, иако ја нагласија потребата да се почитува меѓународното право. Макрон ја спомена Либија – главната отскочна точка за земјите кои се врзани за Европа – како и други африкански земји и Балканот. За тоа колку вреди зборот на глобалистичката пудлица Макрон прочитај повеќе овде: Раскол во ЕУ! Дури 12 Европски Држави се Побунија Против Меркел-Макрон Планот за Реформа на ЕУ!

Како и со сè поврзано со миграцијата во Европа, дури и состанокот во Брисел беше во знакот на ЕУ расколот. Четири источните земји на ЕУ – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка – одбија да присуствуваат и да одбијат да земат мигранти воопшто. Вишеградската Четворка го Бојкотира Самитот на ЕУ, Меркел Паѓа за Две Недели Поради Миграцијата!

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека ќе предложи план што претставува “темелна промена” во тоа како ЕУ управува со миграцијата. Конте рече дека ќе ги замени постојните правила за миграција – познати како Даблински регулативи – кои инсистираат на тоа дека емигрантите мора да аплицираат за азил во првата европска земја во која се наоѓаат.

Под новата влада против мигранти, Италија одби да им дозволи на бродовите за хуманитарна помош да пристапат во италијанските пристаништа, тврдејќи дека тие само ги охрабруваат шверцерите во Северна Африка.

Ниту една земја досега не се согласи да биде домаќин на скрининг центри,поред највисокиот претставник на миграцијата на ЕУ, освен секако квислинзите во Македонија кои се готови на се за да преживеат во своте предавнички дела.

 

 

2 thoughts on “EУ, Без Вишеградската 4-ка и Без да ја Праша Македонија, Си “Решила” Балканот да Стане Отпад за Мигранти!

  1. А зошто да прашаат? Па ние им доаѓаме како селсак прчија. Па зарем затоа уште од 1993тата па навака ги поставуваат на клучни места своите слуги, па зарем затоа ги врбуваа ДПНЕ и СДС….за да сега прашувааат? Не тие си ја сработија работата кај нас. Ние треба да се прашаме самите себе си…што правевме за сетоа тоа време додека тие ни работеа зад грб!?

Остави коментар