И Младите на Браникот на Македонската Револуција! До Падот на Хунтата Која Удри на Жени и Деца!
Сподели на социјалните платформи:

И младите се приклучуваат кон револуцијата за Македонија против диктаторската, нелегитимна платеничка хунта која за туѓи интереси во стил што ни најголемите светските диктатори Милошевиќ и Мугабе не го достигнале, на 17ти Јуни ја пушти УЧК и криминална параполиција и ги окрвави нашите голораки жени и деца. Хунтата Паѓа! Во Страв Удри на Голораки Жени и Деца и си го Соголи Грдото Недемократско Фашистичко Лице! и овде УЧК и Криминална Паравојска на Хунтата Брутално Пуштена Против Жени, Деца за да Креира Македонски Мајдански Масакр!

Повикот на Млади за Македонија за вечерниот протест пред Собранието ви 20ч!

Ние студентите НЕМА да дозволиме промена на нашето име и идентитет и по секоја цена ќе го одбраниме нашето име Македонија и ќе останеме Македонци! Ни НЕ сме “граѓани на Северна Македонија”, ниту пак нашата татковина се вика северна провинција. Оваа битка за нас студентите е света битка како битката на последниот Мохиканец – ова е битка за опстанокот на нашиот Македонски народ! Или ќе победиме и ќе опстанеме, или ќе изумреме ние, со нашите неродени, внуци и правнуци.

Имаме сопствена држава еднаш на 1000 години и нема да дозволиме сега кога имаме сопствена држава сами да извршиме самоубиство и да прифатиме некаква промена на името. Немаме друга опција – или крај за нашиот Македонски народ или ќе останеме да постоиме како Македонци. Ве повикуваме сите вас да ни се придружите на нас студентите и да дадете се од себе во битката за одбрана на нашето име Македонија. Ова е битка на се или ништо! Ова е битка во која Мајка Македонија гледа и плаче и бара помош. Да знаеме Македонија е се што имаме! Над Македонија лебди еден душ – духот на Македон! Македонци од сите политички партии – од ВМРО, од СДСМ, од Левица, од сите политички партии обединете се под знамето на Македонија!!! Македонија е нашата татковина и нашето име е Македонија!!!

https://www.facebook.com/pg/MZMakedonija/posts/?ref=page_internal

 

Остави коментар