Представник на полицијата и пренел на Ана Бобинкова, организаторот на вчерашните барикади, дека “директивата одгоре” била веднаш да се одстранат барикадите пред Собрание. Нашата хероина Ана им порача: Барикадите Остануваат! Ако полицијата крене рака на својот народ, тоа ќе доведе до брз и насилен пад на нивните фашизоидни и нелегитимни наредбодавачи. Некои со месеци дремеше пред владата во шатори, тепаше полиција, кршеше и скврнавеше институиции и споменици и не им фалеше влакно од главата.
Во обраќањето до полицијата организаторот ги постави своите услови-блокада се до остварувањето на барањата. Прво, повик до полицијата да откаже послушност во извршување на анти-уставните наредби да применат сила против сопственниот народ за да го избегнат скорото положување сметки од страна на предавниците. Повик до Полицијата, Административците во Собрание и Градежната Оператива за Откажување Послушност на Анти-Уставната Хунта!
Уште поважно, Македонската револуција повикува на бојкот, блокади и граѓанска непослушност кон геноцидната, нелегимна инсталирана квислиншка хунта во Скопје и низ цела Македонија. Приклучи се во одбраната на Македонската револуција и слободната територија пред Собранието и јарболот со знамето од Кутлеш: Повик за Општа Граѓанска Непослушност до Падот на Нелегитимната Квислиншка Марионетска Власт
Овие одважни Македонски Патриоти ја поставија првата-почетна блокада пред собраниетона Македонската Револуција која почна на 13ти Јуни 2018! Македонската револуција ве повикува во одбрана на физичкиот опстанок на нашите прадедовски огништа и го повторува повиците од година и пол дена масовните мирни протести. Прочитајте повеќе овде и погледајте ги видеата подолу: Почнаа Блокадите! Знамето од Кутлеш на Јарбол пред Собрание а Улицата Забарикадирана! Повик за Блокади низ Цела Македонија! и Револуцијата Започна на 13ти Јуни! До Уривање на Квислинзите на Избори или со Директна Демократија! Приклучи Се!
Ве подсетуваме на повикот за граѓанска непослушност упатен од младиот Македонски Херој Јовица Ѓурчиновски од 27-мо Априлскиот масовен протест.