Претседателот Иванов не Дозволува Промена на Устав! Секој Договор Ципрас-Заев е Само Нивен Личен Договор!
Сподели на социјалните платформи:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска објави став со кој повторно потврдува дека нема да дозволи никакво решение кое бара уставни измени. Ставот на Претседателот на Република Македонија во целост:

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, оценува дека вчерашната изјава на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, дадена во емисијата „Топ Тема”, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО и зголеми внатрешните опасности претставува очаен обид за манипулација на јавноста и наведување на македонските граѓани во пресрет на евентуално референдумско изјаснување.

Стратешките определби на Република Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО се јасно дефинирани и непроменети. Зачувувањето на уставното име и изнаоѓањето на решение кое нема да предизвика уставни промени, во никој случај не е насочено против интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Склучувањето на меѓународен договор содржан во еден или повеќе поврзани меѓусебни документи треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.

Во врска со повикот на премиерот Заев за поддршка на евентуалниот договор од страна на сите политички чинители, претседателот Иванов уште еднаш укажува дека е потребен широк национален консензус за изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните.

Претседателот Иванов смета дека е несериозно и неодговорно прашањето за името, кое е исклучително важно прашање за граѓаните на Република Македонија, и наметнати технички барања, да се решаваат телефонски и по пат на личен договор меѓу премиерите на двете држави.

(http://pretsedatel.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-09-03-11-41-54/5231.html)

 

Ова соопштение следува по она на Претседателот Иванов од 1ви Јуни кое исто така ви го пренесуваме во целост:

Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување на поширок консензус за прашањето за името, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го охрабрува претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев да ги достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.

Ставот на претседателот Иванов дека не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес е основен непроменлив принцип, што е во согласност со утврдената правна рамка за водење на разговорите за разликата околу името во рамките на Обединетите нации и во никој случај не е насочен против интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО.

Претседателот Иванов укажува на потребата од постигнување на национален консензус за надминување на разликата околу името и изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните.

(http://pretsedatel.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-09-03-11-41-54/5216.html)

3 thoughts on “Претседателот Иванов не Дозволува Промена на Устав! Секој Договор Ципрас-Заев е Само Нивен Личен Договор!

  1. Vo pravo e Pretsedatelot Ivanov, vo objaveniot text na angliski se veli deka dogovorot se sklucuva pomefju “helenskata republika” i VTORATA STRANA ( divo gradba) !!! Vtorata strana moze da bidat samo CRPNATITE kako Zaev i bargara okolu nego ( koi ke bidat goneni od drzavata Makedonija/Makedoncite ) i toa do dupe.

  2. Neka mrdni Ivanov i NEKA GO PONIŠTI ZAEVIOT TN. DOG ZA IMETO!!! ON, ZAEDNO SO SAD VEKE JA POZDRAVIJA “ISTORISKATA” KAPITULACIJA NA MAKEDONIJA OD STRANA NA MAKEDONSKITE ODRABOTUVAČI!!! MRDNETE VEKE, MRTOVCI! MRDNETE I IZVESTUVAJ GO SVETOT DEKA TN. DOGOVOR E NIŠTOVEN! NEMA NIKAKVA OSNOVA VRZ MEGUNARODNOTO PRAVO NI E ODOBREN OD STRANA NA MAKEDONSKIOT NAROD!!! TOA MOŽE DA SLUŽI SAMO ZA TOALETNA HARTIJA.

Остави коментар