Десната Рака на Трамп во Европа Контра Поразениот Бејли! САД ќе ги Подржува Патриотите во Европа!
Сподели на социјалните платформи:

Новиот Амбасадор на САД во Германија, Ричард Гренел, изјави: “Јас целосно ги подржувам конзервативци низ цела Европа и сите други конзервативни лидери” целосно делигитимирајќи ги приватните дејанија на некој си поразени остатоци на Дип Стејт во заминување како Бејли. Амбасадорот Гренел изрази големо задоволство поради бранот конзервативизам во Европа, велејќи дека САД сакаат “да ги подржат” лидерите на овие патриотски движења. Амбасадорот Гренел во интервју во Берлин со Breitbart во Лондон изјави: “Мислам дека постои мешавина од конзервативни политики кои народите ги подржуват поради неуспешните политики на левицата”.

“Има многу конзервативци низ цела Европа кои ме контактираа за да кажат дека чувствуваат дека се случува повторно оживување на патриотизмот и без сомнение и токму поради тоа ова е прекрасен период за мене да бидам во Европа.”, додаде тој. “Го следам политичкиот пејзажот и знам имаме многу работа да направиме, но мислам дека изборот на Доналд Трамп им овозможи на поединците и народите да се охрабрат и да кажат дека не можат да дозволат елитистичката политичка класа уште пред изборите да се одржат да одредува кој ќе победи и кој треба да се кандидира. ”

Американскиот амбасадор зборуваше за малиот круг на политички и медиумски елити, велејќи: “Ова е многу моќен момент кога може да се види дека е можно да се победи оваа елитистичка група – мислам на многу мала елитистичка толпа што ви кажува дека немате шанса да победите или ви се потсмеваат на почетокот.” За време на претседателската трка во САД во 2016 година, германските медиуми во голема мера беа обединети против претседателот Трамп, при што некои публикации, како што е списанието Дер Шпигел , одеа до крајности и паѓаа толку ниско како например написот дека претседателот Трамп ја обезглавува Статуата на слободата .

Победничката стратегија, истакна Гренел, се фокусира на конзервативни прашања кои го подобруваат животот за обичните граѓани, работници, таканареченот молчаливо мнозинство, велејќи дека “поддршката е масивна” за кандидатите кои можат да  артикулираат “конзистентни конзервативни” политики за превенција на миграцијата, намалување на даноците и намалување на бирократијата.

Не плашејќи се да именува имиња, Гренел изрази длабока почит и восхит кон младиот австриски канцелар Себастијан Курц, велејќи: “Видете го него на пример. Јас мислам дека Себастијан Курц е рок-ѕвезда. Јас сум негов голем обожавател”.

Канцеларот Курц, лидер на конзервативната Австриска народна партија (ОВП), претходно оваа година формираше коалиција со популистичката Партија на слободата (ФПО) и е еден од најсилните застапници за обезбедување против мигрантите на надворешната граница на Европската унија. Недолго по формирањето на коалицијата, Курц и се спротивстави на германската канцеларка Ангела Меркел, отфрлајќи го контроверзниот систем на квоти за мигранти низ Европската унија. 

Тој, исто така, беше водечки конзервативец на тема де-исламизација,и како министер за надворешни работи во претходната коалициска влада, го предложи и помогна да се усвои забраната за целосната исламска облека – бурка! Прочитај повеќе овде: Австрија ќе Депортира 60 Имами и ќе Затвори 7 Џамии во Борбата Против Политичкиот Ислам – Шеријатот!

 

1 thought on “Десната Рака на Трамп во Европа Контра Поразениот Бејли! САД ќе ги Подржува Патриотите во Европа!

  1. Da Pocekame da Vidime Dali Ova Sto Go VELI ke Bide SPROVEDUVANO niz EVROPA a i Svetot da NE ZABORAVIME Deep State(CIA & MI 6)zameshaa Prsti SEKADE.?? Ako Ima Takva ATMOSFERA vo State Departmentot Togash MORA Da Go IZBRKAAT ona KJORAVONO KOPITO Bejli na KLOCI kako Portiron Ji Oti Gi POMINAA Site Granici NA DIREKTNO MESHANJE vo Vnatreshnite Raboti na MAKEDONIJA sto E SPROTIVNO Na KODEKSOT na DIPLOMATIJATA.?? No Sekako Ke MORAAT I DA JA Iscistat AMBASADATA na Kaleto od ABDALI kako Tesla onaa Bivshata FUKARA od MVR itn.i SEKAKO da Gi POVLECAT””EXPERTITE””za Mestenje na IZBORI (INZENJERING) a Jasno da se DISTANCIRAAT od SOROS-ABDAL-BANDITITE.?? E Posle Ova Ke POVERUVAM Vo DOBRATA Volja na””Strateshkiot Partner””vo Sprotivno e Samo MACKANJE OCI te.ARAMIJATA Veli DRZETE go ARAMIJATA.?? SPOLAJ VI

Остави коментар