И додека во Македонија вахабистите и екстремниот ислам слободно роварат, Австрија најави дека ќе протера околу 60 имами и нивните семејства, и планира да затвори седум џамии финансирани од Турција и Саудиска Арабија. Ова е најавено како дел од поголемиот план за борбата против она што го нарекуваат “политички ислам” или шеријатот во Австрија, објави АФП – Франс Прес.
Канцеларот Себастијан Курц рече дека австриските официјални претставници ќе ја затворат Турската националистичка џамија во Виена и ќе ја распуштат групата наречена Арапска верска заедница која управува со шест џамии.
И додека во Македонија вахабистите и екстремниот ислам слободно ровари, Австрија најави дека ќе протера околу 60 имами и нивните семејства, и планира да затвори седум џамии финансирани од Турција и Саудиска Арабија. Ова е најавено како дел од поголемиот план за борбата против она што го нарекуваат “политички ислам” или шеријатот во Австрија, објави АФП – Франс Прес.
” Кругот на луѓето што може да бидат погодени од овие мерки се состои од околу 60 имами “, рече министерот за внатрешни работи Херберт Кикл од екстремно десничарската Партија на Слободата (ФПО), помалиот партнер во Австриската коалициска влада.
Кикл рече дека ова се однесува на имамите со наводни врски со организацијата на Турско-исламските културни здруженија (АТИБ), филијала на Турската агенција за верски прашања Дијанет.
Кикл додаде дека владата ги обвинува за кршење на законот за забрана за странско финансирање на носителите на верски функции. – АФП
40 од овие имами имаат активни апликации во очекување на продолжување на нивниот престој, меѓутоа голем број од нив веќе биле упатени да се јават на имиграциските власти за да бидат протерани со се членовите на семејството, изјави Кикл на прес-конференцијата во Виена.
Овие потези на Австриската владата се засноваат на австрискиот закон од 2015 година, кој забранува верските заедници да добиваат странски средства. Турција веднаш го осуди овој потег, додека патриотските политичари во Европа го поздравија потегот
Поранешниот француски претседателски кандидат Марин Ле Пен го пофали овој потег, твитувајќи: “Австрија презема работи во рака и покажува дека” кога се сака, се може!”
Новиот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салвини, исто така, изрази поддршка за акциите на Австрија, наведувајќи: “Оние кои ја експлоатираат својата вера да ја загрозат безбедноста на земјата треба да бидат протерани!”
Credo nella libertà di culto, non nell'estremismo religioso. Chi usa la propria fede per mettere a rischio la sicurezza di un Paese va allontanato!
Spero già la prossima settimana di incontrare collega ministro austriaco per confrontarci su linee d’azione. https://t.co/WmwpJeYJEe— Matteo Salvini (@matteosalvinimi) June 8, 2018
И додека австриските официјални претставници се подготвуваат да им објават културна војна на имамите, поранешниот канцелар Волфганг Шусел мисли дека наместо борба со екстремниот ислам дома поважно било Европејците да им се спротивстават на политиките на Трамп кои го “нарушувале меѓународниот систем на норми” (читај – ја нарушуваат планирата мигрантска поплва на Европа и растурање на старите Европски нации).
Шусел, кој исто така беше претседател на Европскиот совет, изјави за Оксана Бојко за РТ дека администрацијата на Трамп претставува сериозна закана за “меѓународните системи на норми” и не треба да им биде дозволено да ги игнорираат меѓународните закони со неказнивост.
Критикувајќи ги одлуките на Вашингтон да се повлечат од нуклеарниот договор со Иран и да започнат трговска војна со своите западни сојузници, Шусел рече дека Европа “треба да застане и да ги брани нашите интереси”. Тој посочи дека Европа може да бара враќање преку меѓународни тела како што се Обединетите нации и Светската трговска организација. – RT
Со други зборови, според Шусел, денешна Австрија која го слуша народот а не елитите на Шусел е “старомодна”.