Илјадници поддржувачи на Томи Робинсон и поддржувачи на слободата на говорот ширум светот излегоа на улиците веќе втората недела протести против затворањето на британскиот новинар и политички активист.
Робинсон беше уапсен на 25 мај пред Кралскиот суд во Лидс за известување во живо на социјалните мрежи од пред судот во Лидс и судењето на Британски Пакистанци кои силувале англиски деца и малолетнички.
По кратка судска постапка во која немал пристап до неговиот адвокат, Робинсон бил предаден на 13-месечна затворска казна за прекршување на условите на условна казна за слично дело.
Демонстрации се одржаа во Велика Британија, Германија, САД, Данска и повеќе други земји.
Покрај илјадниците демонстранти во Лондон, околу 400 луѓе се собраа пред Кралскиот суд во Лидс и маршираа низ центарот на градот.
Исто така околу 1.000 ги исполнија улиците на Манчестер за демонстрациите за Слобода за Томи #FreeTommy.
Коложег.инфо веќе истиот ден известуваше за ова брутално кршење на човековите права и на слободата на говорот од страна на Тереза Меј: Британски Патриот Уапсен, Суден и Осуден во Рок од 1 Час! Меј во Хитлеровско Недемократско Лудило!
Во Лондон 5 полицајци беа повредени за време н судирите меѓу полицијата и демонстрантите.
Највознемирувачки беше дека судијата кој во рок од еден час го обвини, осуди и испрати Томи Робинсон во затвор полн со Исис Вахабисти за таму од нив биде убиен, исто така наредил Орвеловски медиумски мрак – што резултирало со неколку медиуми кои ги бришеле статиите од интернет за апсењето на Робинсон. Американскиот аналитичар Мајк Цернович оваа невидена медиумска блокада ја нарече најзастрашувачко нешто во слободниот свет.
https://twitter.com/Cernovich/status/1000070858252038144?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.zerohedge.com%2Fnews%2F2018-06-03%2Ftommy-robinson-protests-continue-second-week-thousands-take-streets
Погледнете повеќе фотографии од протестите против забраната на слободниот говор и исламизацијата на Британија.