Се Будат ли Германците? Баварскиот Лидер Нареди Истакнување на Крстот на Сите Државни Објекти!
Сподели на социјалните платформи:

Почнува ли Баварија да се грижи за себеси со воведување на нов закон според кој христијанските крстови ќе мора да висат на влезот на сите јавни згради. Државниот премиер Маркус Содер го донесе ова решение како реакција на приливот на мигранти и за зајакнување на “баварскиот идентитет”

Под покровителство на премиерот на државата, Маркус Содер од Христијанската социјална унија (ЦСУ), Kreuzpflicht или “обврска за истакнување на крстот” беше донесен со цел зачувување на баварскиот идентитет по порастот на муслиманската имиграција.

Баварија беше на удар на кризата со бегалците во 2015 година, кога голем дел од 1.6 милион луѓе кои побарале засолниште во Германија влегоа во земјата преку Баварија што предизвика раст на популарноста на партијата анти-имигрантската партија Алтернатива за Германија (AfD ).

Содер, кој прв постави крст на ѕидот на неговата канцеларија, рече: “Сакаме да дадеме јасен сигнал дека луѓето имаат желба да го нагласат и сочуваат својот идентитет“. Со локалните избори што се појавија во октомври, ЦСУ не ја криеше фактот дека се обидува да ги врати назад гласачите изгубени од AfD. AfD го возврати ударот, нарекувајќи го законот само “гест политика” и повикувајќи ЦСУ да се вклучат во вистинска реформа на имиграцискиот систем на земјата.

И покрај слабите резултати на општите избори, ЦСУ има значително повеќе влијание врз националната политика што се гледа и во назначувањето на поранешниот баварски премиер Хорст Сихофер да го води германското министерство за внатрешни работи под Ангела Меркел, позиција што брзо се преименуваше во Хајмат или татковинското министерство.

 

2 thoughts on “Се Будат ли Германците? Баварскиот Лидер Нареди Истакнување на Крстот на Сите Државни Објекти!

Остави коментар