Експертот Раул Иларги Мејер преку Блогот на Aвтоматизирана Земја пишува дека случувањата во Италија и Шпанија се пресудниот момент за распадот на Еврото. Новата Италијанска влада веќе усвои анти-ЕУ платформа а Шпанската влада ќе падне откако партијата Сиудаданос одлучи да се приклучи на ПСОЕ (социјалистичка) и Подемос во гласањето недоверба на премиерот Рахој. Шпанската политичка криза е неразделно поврзана со италијанската, дури и поради тоа што тие се економски слични, но бидејќи и двете големи земји на ЕУ во комбинација представуваат огромна финансиска неизвесност за еврозоната.
И двете земји, Италија, можеби нешто повеќе од Шпанија, одамна вештачки преживуваат со “пари од ветер” за купи-ден-помини дигитално емитувани од ЕЦБ. Во суштина, Марио Драги купува трилиони суверени државни обврзници со промена на бројчињата на екранот за да го прикрие фактот дека сегашната вештачка конструкција на еврото го прави неизбежен конечниот реултат: дека посиромашниот јужен дел на Европа ќе изгуби од северот.
Клубот Медитеран или PIIGS (ПИГС) има потреба од механизам за од време на време девалвирање на нивните валути за да останат со главата над водата. Влегувањето во еврото значеше дека тие го изгубиле тој механизам, а самата Евро валута не им дава друга алтернатива (освен вон-институционални решенија како паралалента валута – минибот – на новата Италијанка влада).
Еврото стана кафез, затвор за посиромашните јужни браќа. Но ако погледнете малку подалеку, Еврото е и затвор за Германија, која ќе биде принуденa да ја сруши Италија на начинот на кој Грција беше економски срушена.
Италија и Шпанија се многу поголеми економии отколку Грција, а со тоа представуваат и многу поголем проблем. Проблеми кои се бескрајно поболни за нив отколку ако земјите се уште би ги имале своите валути кои би можеле да ги девалвираат.
Ако сакате да ја дефинирате главната вина на еврото, тоа е дека: создава проблеми кои не би постоеле ако самата заедничка валута не ги створила. Ова беше неизбежно поради вградената фатална маана на Еврото уште од стартувањето.
Еврото беше осмислено и воведено, наводно, за решавање на проблемите. Проблеми со прекуграничната трговија меѓу европските народи, со девизни курсеви. Но, наместо тоа, создаде сосема нов сет на проблеми кои се покажаа многу полоши од оние што требаше да ги реши. И ако размислите за тоа, денес потребата за заедничка валута, полесно тргување низ земјите на еврозоната, во голема мера веќе исчезна.
Во 2018, луѓето не мораат да одат во банки за да ги разменат своите марки, гулдени или франци, како за време на воведувањето на еврото. Сето тоа сега се направи автоматски на вашата сметка или картичка и можете да извадите било која локална валута од банкомат. Сето ова може да се направи при псотоење на локални валути а со автоматско прилагодување на девизните курсеви без употреба на сите видови посредници што постоеја кога беше воведено еврото. Американците и Британците кои ја посетуваат Европа веќе го користат истиот овој систем.
Технологијата ја искорени секоја причина поради која Еврото беше воведено на прво место и го направи сосема непотребно. Но, еврото е тука, и тоа ќе предизвика многу повеќе болка и осакатување. Секоја земја која мисли за напуштање на системот, ќе биде сурово казнета дури и ако е далеку пологично излегувањето од еврото да се спроведе за Италија и Шпанија.
Европа не е подготвена да стави крај на експериментот наречен Евро иако тој ги осакатува јужните економии. Бидејќи во него е вложена толку многу репутација и ега, и бидејќи побогатите нации и нивните банки сѐ уште имаат корист – за разлика од проблемите со кои се соочува сиромавиот југ. Единствена земја која беше во право беше Британија, кога одлучи да остане надвор од еврозоната.
Во Шпанија, ако се прогласат избори, а изгледа дека така ќе биде, ќе добиеме левичарски коалиции а левото крило значи проблеми со ЕУ. Гласањето за недоверба доаѓа по уште еден корупциски скандал на партијата на Рахој.
И да не заборавиме дека сите економски броеви се во голема мера украсени низ целиот континент. Ако може да се тврди со сериозен израз на лице тодека грчката економија расте, тогаш сè е јасно. Исто е со Италија каде ситуацијата само се влошува. Тоа е и причината зошто 5 Ѕвезди и Лигата добија на изборите и формираа влада.
Италија за сега е големата пресвртница. ЕУ не може да ја спаси, ако новата коалиција е сериозна во врска со нејзината владина анти-ЕУ програма. Но, исто така, ќе сака да “ги спаси” бидејќи се друго би значело Италија да го напушти еврото. И можеби ЕУ.
Доколку италијанските обврзници се доволно здробени од пазарите (види слика лево), ЕЦБ на Марио Драги повеќе нема да биде можно да ги купува со “пари од ветер”.
И пристапот до други програми за поддршка ќе зависи од спроведувањето на она што го нагласува програмата 5 Ѕвезди/Лига, како што е стимулирање на домашната економија. А дали е тоа лоша идеја? Секако дека не, само што правилата на еврозоната го забрануваат тоа. Европа би била економски многу подобро ако никогаш не го воведела еврото.
Еврото целосно ја надживеа својата цел, и тоа одамна. Но сеуште постои, и тоа ќе биде неверојатно болно да се разврзе и затвори. Новата игра за север ќе биде да се нанесе колку што е можно поголема болка на југот.Политичарите и банкарите нема да бидат оштетени, бидете сигурни во тоа. Но, луѓето ќе бидат и тоа жестоко.
Еврото ќе исчезне, бидејќи причините за тоа да не постои се многу потисни отколку за тоа. Барем тоа е едноставно. Но самиот процес на распад на Еврото нема да биде воопшто едноставен.
Од авторот Раул Иларги Мејер преку Блогот на Aвтоматизирана Земја