Автор, Мајкл Снајдер преку блогот Економски колапс. Ако економијата на САД функционира толку добро, тогаш зошто 51 милион домаќинства во Соединетите Американски Држави “не можат да си дозволат основи работи како изнајмување на стан и храна” ?
Изненадувачки нов извештај, кој беше објавен од проектот “Заеднички Пат Алис” (United Way ALICE), покажува дека јазот меѓу богатите и сиромашните во оваа земја можеби е најголем што го имало во било кој период од нашите животи. Во некои од најбогатите области на нацијата, домовите сега се продаваат за до 100 милиони долари, но во меѓувреме десетици милиони семејства едвај врзуваат месец со месец. Многумина веруваат дека овој растечки “јаз во нееднаквоста” ја поставува сцената за големи општествени проблеми и конфликти.
Ако им верувате на медиумите, економијата на САД се чини дека функционира подобро од очекуваното досега во 2018 година, но редовите на сиромашните и вработените сиромашни само продолжуваат да растат. Следното доаѓа од CNN …
Речиси 51 милион домаќинства не заработуваат доволно за да обезбедат месечен буџет кој вклучува домување, храна, детска нега, здравствена заштита, транспорт и мобилен телефон, според студијата објавена во четвртокот од проектот United Way ALICE. Тоа е 43% од домаќинствата во САД, блиску до половина од населението!.
Бројката вклучува 16,1 милиони домаќинства кои живеат во сиромаштија од безработица, како и 34,7 милиони семејства кои Заедничкиот Пат Алис ги нарече – имотно ограничени, доходно ограничени а вработени. Оваа група заработува помалку од она што е потребно “за да преживее во модерната економија”.
Ако 43 отсто од сите Американци не можат да си дозволат “основите”, што значи тоа за вистинската состојба на американската економија?
Се разбира дека најголемата причина зошто толку многу американски семејства се борат е недостатокот на добри работни места откако богатите елити си ги префрлија фабриките и компаниите во Кина и други земји од Југоисточна Азија.
Во Америка денес, 66 проценти од сите работни места плаќаат минимална плата со која не можете да подржувате семејство од средна класа. Како резултат на тоа, многу Американци работат повеќе од една работа, а во многу домаќинства мајката и таткото работат повеќе од една работа.
Трошоците за домување ја сочинуваат најголемата ставка во повеќето семејни буџети, а фактот што трошоците за домување само продолжуваат да се зголемуваат е ставање огромен финансиски стрес врз работните семејства. На пример хипотекарните стапки растат брзо …
Денес, според последниот извештај за хипотекарните стапки на Фреди Мек, после исплатата во последниве недели, хипотекарните стапки се вратија на стариот висок курс и го достигнаа оној од пред осум години, додека фиксната стапка на хипотека од 30 години достигна до 4,61%, што одговара на највисокото ниво од 19 мај 2011 година како што забележува Блумберг , повикувајќи се на брокерската куќа “Редфин”.
Ако се сетите, видовме многу сличен образец се случи токму пред хипотекарниот криза и крах во 2008 година. Историјата се повторува, и ние се чини не учиме од нашите грешки од минатото.
Цените за домување во некои градови се апсолутно непристојно високи во моментов, и многу работни семејства се наоѓаат во целост истиснати од пазарот.
Многу кираџии во Сан Франциско со кои се сретнав додека подготвував статија за доделување на куќи за сместување, одговорија на кризата со станбениот имот во регионот со голем страв за индината и семејството; тие се принудени да ги делат становите со непознати луѓе за да покријат барем дел од трошоците. Некои дури живееле надвор од своите автомобили или во шатори.
Тоа што некои луѓе го прашуваат е едно многу едноставно прашање … Зошто тогаш, многу читатели секако би сакале да знаат, едноставно не заминат в друг дел на земјата?
Но, за повеќето трудољубиви семејства, движењето низ целата земја едноставно не е опција. Излегувањето од државата во друга држава е многу скапо, може да биде многу тешко да се најде слична работа во сосема нова област, а многу семејства се многу зависни од социјалните и роднински врски во местата каде што во моментот живеат …
Луѓето кои страдаат финансиски често имаат важни социјални врски – семејство кое помага во грижата за децата, познаници кои знаат и помагаат за работа. Изгледите за преселување во да речеме, Оклахома или Џорџија би значеле да се работи без добар приход и притоа да се изгуби социјалната поддршка. Овие нематеријални врски што ги задржуваат луѓето на места со лоши економии, исто така, ги задржуваат луѓето во областите каде што еконимијата е подобра но каде киријата е премногу висока.
На крајот, движењето едноставно не е опција за многу луѓе. Треба да го структурираме нашиот економски систем, така што ќе функционира за сите Американци – не само неколкумина. За жал, веројатно ќе преземе уште една голема криза пред луѓето да бидат подготвени за такво преструктуирање. И таква криза можеби не е толку далеку. Не знаеме точно кога ќе се случи, но знаеме дека таква криза доаѓа во одреден момент. За жал, поголемиот дел од населението е целосно успиено, и тие ќе бидат сосема слепи од претстојната криза кога конечно ќе пристигне.