После Оваа Изјава СДС/ДПМНЕ Мора да Објават Избори! Време e! Избори за Спас на Македонија!
Сподели на социјалните платформи:

Само нови, фер, контролирани од народот, чесни и неукрадени избори ќе овозможат мирно излегување од вештачката криза која ни е наметната со анти-уставниот насилнички и нелегитимен пуч организиран однадвор. Затоа и ДПМНЕ и СДС треба да покажат доблест и да се согласат да ги проверат пред народот своите дејанија за да можат да зборуваат за некаков нов легитимитет кој сега ни едните ни другите од различни прилини го немаат. Не дека ќе победат на такви фер и чесни избори, ќе бидат едноставно збришани од Македонската патриотска алтернатива, таканаречената трета опција која се состои од неколку шартии или во формирање или во процес на ребрендирање. Ваквиот развој на патриотски партии Коложег.инфо веќе го предвиде а се потврди со недоамнешните избори во Италија и Унгарија. (Прочитај повеќе овде: Победата на Патриотскиот Анти-Корпоративен Глобализам во 2018 во Македонија и глобално и овде Огромниот Раст на Патриотскиот Глас низ Цел Свет го Руши Соросовиот Фашистички Глобализам!)

Но штом СДС смета дека 11 месеци одработување за агендата на Дип Стејт е одличен резултат тогаш треба веднаш и смело да се согласи на избори каде врз основа на таа агенда ќе добие апсолутно мнозинство и легитимитет кој сега го нема. Штом ДПМНЕ мисли дека штетата од ребрендирањето во “граџанска”, упикувањето на Дип Стејт и пуштањето низ вода на патриотите од 27ми Април ќе биде надокнадено со сеќавањата на народот за нив како одлична менаџерска партија, тогаш исто така треба веднаш да се согласат за избори, и тоа веднаш да го обзнанат уште на протестот на нивниот “Мајски” протест на 2ри Јуни. И не само тие, туку и сите други критичари и квазикритичари да престанат да изигруваат опозиција и да се приклучат кон барањето за нови избори. Посебно тоа ни го должат и си го должат себе си оние кои беа најгласни во борбата против “режимот” за да ни донесат квислиншка предавничка хунта. Доста Од Лажни Соросоидни “Опозиционери”. Македонскиот Народ е Опозиција на Хунтата! Придружете му се во Одбраната на Македонија!

Единствено измамениот и политички веќе од никого не представен народ бара избори: Над 50.000 Луѓе од Протестот во Херојското Македонско Скопје со Ултиматум: Оставка и Избори или Народно Собрание! И ако една рака Соросови платеници 2 години бараше избори и го кршеше Скопје доби право на избори, тогаш и стотиците илјади Македонци кои повеќе од година дена излегуваат на улица исто така заслужуваат избори. За спас на Македонија и на сите нас во неа и за мирен излез од кризата. Во спротивно, одговорноста за се што ќе се случува ќе ја носат тие а одговорноста ќе биде голема затоа што народот нема да прифати предавство кое ќе заврши со протерување на Македонците од своите исконски огништа и иднина в бегалски кампови. Прочитај повеќе овде: Потресувачки Повик за Будење и Отпор Против Тивкото и Подло Укинување на Нацијата! МакАнон! и овде Силната Народна Енергија од 27ми Формулирана во Ултиматум! Самораспуштање на Нелегитимните и Избори или Народно Собрание!

Избори се потребни во време когага и најтврдоглавите “анти-режимци” се будат во пост-режимски мамурлук разбирајќи веќе дека Македонскиот народ може да исчезне, како на пример Милчин (Заев не е способен), Илинка Митрева (Идентитот е во опасност), Никола Поповски (Срамни лицитации со името) па дури и Геро (Ерга Гомнес). Сите, од Никовски, Јанев па дури и Геро, на Иста Линија. Договорот со Грција е Бришење на Македонците! Кога веќе дојде време и најголемите подржувачи на СДС, Милчин и Героски, да го разберат она што на сите нас другите одамна ни беше јасно, дека договорот со Грција и законот за јазици се крај на нашиот опстанок на татковските огништа, мислам дека треба да има многу малку такви кои ќе бидат против избори.

Затоа сите, од бивши и сегашни разочарани и предадени комуњари, до бивши и сегашни разочарани и предадени врмовци, заедно да побараме чесни, праведни, транспарентни избори и да ја спасиме државата од конфликт, страдања и прогон на нашиот народ. И како што Македонскиот народ веќе не прифаќа четири нелегитимни поглавици недемократски да одлучуваат за прашања од суштинска важност за опстанокот на нашиот народ така овој пат народот нема да дозволи ни кражба или манипулација на изборите од страна на сдс/дпмне вкоренетите мрежи низ администрацијата, туку будно и во целиот тек од гласање до броење и пребројување ќе ги контролира преку новите патриотски партии. Украдениот Македонски Патриотски Глас на Изборите Значи Нелегитимни Институции и Неважечки Одлуки (Анализа)

Избори! Веднаш!

Остави коментар