Сите, од Никовски, Јанев па дури и Геро, на Иста Линија. Договорот со Грција е Бришење на Македонците!
Сподели на социјалните платформи:

Светски признатиот професор по меѓународно право, Проф. Др. Игор Јанев, во своето писмо  бара веднаш да се стави КРАЈ на срамните преговори за името и вели дека Фрчко и Геро се делумно во право и дека ERGA OMNES, во најопшта смисла се применува само за МЕЃУНАРОДНА УПОТРЕБА, но кога се работи за државното име, по дефиниција на ИМЕТО (државно), Грците се во право СЕ ПРИМЕНУВА И ВНАТРЕ!

Државното име е ОСНОВЕН елемент и на меѓународен, но и на ВНАТРЕШЕН субјективитет на државата, и затоа природно е дека ERGA OMNES би требало да се примени и на ВНАТРЕШЕН поредок.

Но, од овде (ОЧИГЛЕДНО НЕЛЕГАЛНА СИТУАЦИЈА) гледаме дека Резолуцијата 817 на Советот за безбедност е НЕЛЕГАЛНА! Бидејќи, ИДЕНТИТЕТ не може од НАДВОР да се промени!!

Исто така е НЕЛЕГАЛНА и резолуцијата 47/225 со која ПОД референцата се примаме во ООН!

Дека дури и ќората кокошка некогаш ќе клукне некое зрнце доказ е и платеничкиот мегафон на странските анти-Македонски елементи Геро кому на крајот му допре до мозокот дека она што сите со години го говориме е точно.

Но од сегашното плачење на поданичкиот коњушар и слуга на туѓи интереси Геро сега имаме многу малку фајде. Прашањето е како да се излез од ГОМНЕС ситуацијата за која полтронот и платеник за колнато парче леб придонесе да се доведе нашата татковина и да се доведе во прашање нашиот опстанок.

Решението го дава Проф. Др. Игор Јанев кој продолжува:

Веднаш да се стави КРАЈ на срамните преговори за името!

Постои решение за името со признавањето на Република на Македонија во Генералното собрание на ООН!

Не признаваат 134 држави членки на ООН! Со 19 држави засега немаме дипломатски односи, а кога и со нив ке ги воспоставиме ке имаме над 150 држави во ООН кои не признаваат под уставното име.

Нема потреба од компромис!

Треба само да го продолжиме членството во ОН преку Генералното собрание на ООН со уставното име Република Македонија!

Со излегување од рамката на рез. 817, и од рамката на Времената Спогодба, Грција веќе изврши дерогирање на овие документи. Целата меѓународна правна наука покажа дека Постои решение со признавањето на Република на Македонија во Генералното собрание на ООН!

Од почеток на проблемот со името во ООН 1993., политички тела на ООН не разбрале дека не се работи само за „државно име”, туку се работи и за националниот идентитет, негирање на секој елемент на нашата нација, јазикот и култура.

Сега се бара да потпишеме во спогодбата / компромис со Грција дека: НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ и ДЕКА НАШАТА НАЦИЈА НЕПОСТОИ!

Ова димензија на ИМЕТО никогаш не беше објаснета во ООН и државите членки на ООН не се свесни дека со проблематизирање на ИМЕТО се доведува во прашање националниот идентитет и култура на цел еден народ!

Никаква Резолуција на Советот за Безбедност или на Генералнo собрание на ООН не може да инсталира механзам за БРИШЕЊЕ на ИДЕНТИТЕТОТ на еден народ и една држава!

2 thoughts on “Сите, од Никовски, Јанев па дури и Геро, на Иста Линија. Договорот со Грција е Бришење на Македонците!

  1. Силно сум задоволен што умови како Др.Игор Јанев или Др. Петар Поповски конечно (во својот домен секако) се вклучија во оваа битка за Македонија (била и ќе биде) Вечна.
    ——————————-
    Доста е со википедиии ал,бг, гр, рс, ук, де, ус, циа … не го издржаа тестот на времето и митото … Време е за википедија МК.

Остави коментар