Дали вечерва мирно ќе спијат корумпираните и поткупени со Ирански пари Меркел, Макрон, Могерини, Камерон, двата Клинтона, Обама и останатите Соросови глобалисти? Ми се чини дека не! Љубителите на “бомби” и анти-демократски пучеви ги стигна кармата во вид на “атомска кеш бомба” за корупција и поткуп при склучувањето на Иранскиот нуклеарен договор!
Имено, што туку е објавено дека високиот представник на Министерството за надворешни работи, Хосеин Џабери Ансари, неделава ги предупредил западните официјални лица дека ако не извршат притисок врз администрацијата на Трамп за продолжување на договорот Иран ќе ги објави имињата на сите западни политичари кои зеле поткуп за во 2015 да се потпише нуклеарниот договор САД-Иран:
H.J.Ansari Zarif’s senior advisor: “If Europeans stop trading with Iran and don’t put pressure on US then we will reveal which western politicians and how much money they had received during nuclear negotiations to make #IranDeal happen.”
That would be interesting.#JCPOA— Raman Ghavami (@Raman_Ghavami) May 8, 2018
Очекуваме скоро да дознаеме, социјалните мрежи се запалија по оваа вест. Ако Европејците престанат да тргуваат со Иран и не вршат притисок врз САД тогаш ќе откриеме кои западни политичари и колку пари зеле за време на нуклеарните преговори за да се направи Иранскиот нуклеарен договор:
https://twitter.com/BanafshehZand/status/995382530567213057?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.davidharrisjr.com%2Fpolitics%2Firan-threatens-to-name-westerners-who-accepted-bribes-to-pass-nuke-deal-kerry-obama%2F
За што се работи? Имено Обама и Клинтон беа многу критикувани во 2015 за Иранскиот нуклеарен договор затоа што се согласиле да му исплатат на Иран како дел од зделката 1.7 милијарди долари во кеш за подмачкување на договорот! Оваа цифра дури сега излегува на виделина како и начинот на превоз, со авиони на ЦИА кои застанувале во Европа и продолжувале во Иран. Голем дел од кешот останал во Европа како поткуп за политичарите од ЕУ, Германија, Франција и Британија а дел завршил во џебот на Обама и Клинтон.
Сега е многу појасна паниката со која Меркел и Макрон трчаа во САД за до го молат Претседателот Трамп да не го раскинува договорот за да не се отвори прашањето на нивната корупција. Но Трамп цели врз своите противници Обама и Хилари Клинтон за да ги доведе пред суд и за оваа како и многу други кражби како преку Фондацијата Клинтон, Ураниум Еден итд. Европските политичари се за Трамп само колатерална штета за која не му е многу грижа.
Всушност оваа епизода е длабоко понижувачка за Европа бидејќи го покажува степенот на нејзината немоќ. Трамп дури и не им кажал однапред на наводно најблиските европски сојузници на САД – Меркел, Макрон и Meј, дека одлучил да ги врати санкциите за Иран и да го поништи нуклерниот договор. Ова вест ќе станува се поголема следниве денови. Следете.