Сподели на социјалните платформи:
Алекс Муни, конгресмен од новиот бран патриотски републиканци

Неодамна, нов закон беше предложен од републиканскиот конгресмен од Западна Вирџинија Алекс Муни “со кој доларот би се дефинирал во фиксна тежина на златопишува Лоренс Томас од ГолдТелеграф. Сосема е јасно дека бирократите почнуваат да ги земаат во предвид страдањата на Американската средна класа, која како и штедачите се притегнати до бескрај благодарение на инфлацијата во оваа пролонгирана ситуација на нулта каматна стапка низ која живееме, вели Лоренс Томас од ГолдТелеграф. Светот веќе ја проѕре улогата на петродоларот во финансикото поробување на нацците и почна да се ослободува од него и да го руши како средство за оданочување и финаниски рекет на сите останати држави и нации во светот. Прочитај повеќе овде: После ПетроЈуанот и ПетроРубља, Поткрепени со Злато Наспроти “Хартиениот” Безвреден Долар! овде: 5 Финансиски Нуклеарни Опции Покрај ПетроЈуанот со кои Кина ја Руши Американската Економија! и овде: Кина, Синоќа, 26ти Март, со Успешниот Старт на ПетроЈуанот Нанесе Молскавичен Смртен Удар на ПетроДоларот и на Империјата на Злото!

Во нацрт-законот, Муни ја критикува монетарната политика на Федералните Резерви (приватно дуќанче на банкарите а не официјална државна централна банка на САД) особено откако куповната моќ на граѓаните драстично еродира откако беше укинат златниот стандард во 1970-тите години. Американскиот долар изгубил 30% од својата куповна моќ од 2000 година и 96% од својата куповна моќ од 1913 година. Според целната инфлациска стапка на Федералните резерви, вредноста на доларот ја губи половина од својата куповна моќ секоја генерација, или на секои 35 години.

300 камиони со злато го испразниле Форт Нокс каде што наводно се чува!

Муни продолжува да ги опишува предностите на подкрепеноста на доларот со злато: Златниот стандард ја става контролата врз понудата на пари на пазарот, наместо како што е сега во рацете на Федералните Резерви. Златниот стандард значи законски тендер дефиниран и конвертибилен во одредено количество злато.

Големото прашање останува фактот дали Соединетите Држави всушност воопшто ги имаат своите 8.1335 декларирани тони физичко злато како што е наведено во официјалните резерви а за што многумина познавачи се сомневаат. Во последниве неколку години имаше чудно однесување активност со земји кои сакаа да ги донесат златните резерви од Америка дома, како Германија и Унгарија, кои се соочија со одговор да почекаат неколку децении за целосно враќање на побараното физичко злато. Сенаторот и поранешен претседателски кандидат, Рон Пол, цела своја кариера бара САД да извршат аудит на златните резерви во Форт Нокс каде што би требало да бидат. Никогаш не успеа во тоа. Се прашувате ли зошто?

Остави коментар