Русија: Хемиски Напад во Источна Гута, Сирија, Немаше! Инцидентот Монтиран од ИСИЛ и САД!
Сподели на социјалните платформи:

Амбасадорот на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја рече дека нападот во текот на викендот во Дума, Источна Гута или никогаш не се случил или бил организиран од страна на САД (Прочитaј повеќе овде на Bloomberg). Небензја на ноќешната седница на Советот за Безбедност на ОН рече дека иследниците не нашле докази за напад и дека има докази дека САД ги тренирале борците на ИСИЛ за да спроведат такви лажни напади за да создадат изговор за воена интервенција.

“Ги повикувам сите оние овде на седницава кои ќе зборуваат против мене и ќе го клеветат Претседателот Асад со цел за да продолжат со военото присуството во Сирија дека хемиски напад немаше”, рече Небензја, додавајќи подоцна дека “од снимениот материјал беше јасно дека е монтиран”. За докажаните претходни монтирани хемиски напади во Сирија прочитајте повеќе во написот на ветеранот на истражуваќкото новинарство Сејмур Херш. или пак жестокото разбивање на фејквестите за наводен хемиски напад во Сирија од најголемиот експерт на таа темa, Професорот Теодор Постол од Ем Ај Ти Универзитетот (MIT University) во САД! (Гугл Преведувач на Македонски)

Како Организацијата “Бели Шлемови” Спонзорирани од Сорос Монтираат Хемиски Напад во Сирија во 2017 “Заборавајќи” Барем Ракавици да Стават за Снимањето!

Рускиот Амбасадор во ООН навести дека неговата земја може да ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за испитување на сомнителни хемиски напади во Сирија. “Се разбира дека треба да се дојде до дното на она што се случува, но ние треба да го сториме тоа на чесен начин”, изјави рускиот амбасадор Василиј Небензја, покажувајќи ја подготвеноста да го прифати Шведскиот предлог за потесно нацелена истрага во она што се случило во Дума, Источна Гута.

Тој рече дека Сириските сили, поддржани од руските трупи, се подготвени да им понудат заштита на иследниците од Организацијата за Превенција на Хемиско Оружје за да ја посетат Дума и сами да се уверат и да спроведат самостојна истрага. 

Нацрт-резолуцијата предвидува формирање на ново тело за истражување на нападите со хемиско оружје, како оној за кој се вели дека се случил во текот на викендот во Дума, Источна Гута, во близина на Дамаск. Нацрт-резолуцијата ќе му даде на генералниот секретар на ОН Антонио Гутјерес 30 дена да го формира телото и да побара од Сирија да соработува.

Остави коментар