Додека ситуацијата во Сирија продолжува да ескалира, воениот брод опремен со ракети, USS Доналд Кук од класата Арли Бурк, доплови до Сириските територијални води и притоа најмалку четири пати наводно бил “малтретиран” од руските воени авиони со ниски летови, јави CNN Turk.
Се тврди дека уништувачот наречен Доналд Кук го напушти кипарското пристаниште Ларнака и се закотвил во близина на сириските територијални води. Се тврди дека уништувачот на ракетите со име “Арли Бурк” класа Доналд Кук (ДДГ-75) се наоѓа на 100 километри од Руската воена база во Сириското пристаниште Тартус. и носи 60 Томахавк ракети на бродот, јавува CNN Turk.
Агресивното позиционирање на уништувачот се случува само часови откако Израел спроведе раноутрински удар на аеродромот Т-4 во Сирија, кој се наоѓа на половина пат помеѓу Хомс (третиот по големина град во Сирија) и Палмира (познато место на античките руини). РТ објави дека двај израелски авиони Ф-15 истрелале осум проектили на аеродромот од либанскиот воздушен простор. Авионите никогаш не влегоа во Сирија.
Првичната проценка на американската влада за хемискиот напад во Дума, Источна Гута, Сирија, кој е повод за тензиите е дека се употребувал некој вид нервен агенс – но употребениот специфичен агент е непознат, изјавија владини извори за Ројтерс (Прочитај повеќе овде). САД признаа дека “сé уште не е доследно утврдено дали нападот бил извршени од сириските владини сили на претседателот Башар ал Асад “.
Откритието го прави Израелскиот утрински штрајк на Сириските воени позиции уште повеќе вознемирувачки. Се чини дека ова е само уште една закачка на воено-хушкачите од Западот за да се подкренаат надворешно политички тензии и воени кампањи врз основа на настани кои се оспорени од сите факти, со цел да го одвратат вниманието на домашните јавности од спектакуларниот економски и социјален колапс дома. Прочитај повеќе овде: Дали САД Ќе Заминат Мирно во Историјата или Дип Стејт ќе Успее да Предизвика 3-та Светска Војна!
Ппредставникот на Русија во ООН, Василий Небензја, на ноќешниот состанок на Советот за безбедност изјави дека САД се предупредени за сериозни последици во случај на напад врз Сирија. (Прочитај повеќе овде: Ширење на Војната! Сирија Бомбардирана по Инсценираниот “Хемиски Напад”. САД Негира, Сомнежот врз Израел!)
Небензја исто така ги нарече лажни извештаите за употреба на хемиско оружје во Дума, Источна Гута, рече дека не само што не е употребено оружје туку и дека нема ни жртви и дека се работи за монтиран инцидент со користење стари фотографии. Тој ги повика сите меѓународни експерти за хемиско оружје и Организацијата за Превенција на Хемиско Оружје да дојдат во Источна Гута и сами да се уверат и да извршат истрага. Досега и секогаш беше потврдено дека сите извештаји за наводно користење на хемиско оружје од страна на Сирискиот Претседател Башар ал Асад, кој и онака со помош на Русија и Иран веќе ги победи странските уфрлени терористи на ИСИЛ, беа лажни!