Дали САД Ќе Заминат Мирно во Историјата или Дип Стејт ќе Успее да Предизвика 3-та Светска Војна!
Сподели на социјалните платформи:
Нема Доволно Големо Знаме да го Покрие Срамот од Убивање Недолжни Цивили – Пишува Американскиот Војник

Американската империја е во слободен пад. Извештаите за крајот на САД како униполарна сила моќ во светот, како и предвидувањата за крајот на американската империја. Кога знаете дека САД е поразена? Кога предлага разговори, вели Том Луанго. А токму то се случи и со последната покана на Претседателот Трамп до Владимир Путин да ја посети Белата Куќа со цела помпа и фанфари на државна посета. Кина ги надмина САД како светски економски лидер според Бруто националниот производ на паритет на куповната моќ и Русија најави ново оружје кое ги надминува одбранбените системи на САД. (Прочитај повеќе овде: Војската на САД Признава Дека е Беспомошна Против Хиперсоничките Ракети на Русија и Кина!

Во поделената САД, како одговор на падот на империјата, постојат два одговори, еден е оној на Трамп за мирно повлекување од позицијата глобален полицаец, и онаа на Дип Стејт, да се продолжи да се прави уште повеќе од она што точно и го предизвикува падот. Како што е наведено во извештајот на Пентагон планот на САД е повеќе пари за оружје, поголема агресија и поголемо следење на своите граѓани.

Конгресот гласаше речиси едногласно за да му даде на Пентагон десетици милијарди повеќе отколку што побара. За воени потреби сега ќе потрошат 57 отсто од федералното дискреционо трошење, оставајќи помалку за основните потреби. Дека економската ситуација на граѓаните не е розова потврдува и фактот дека околу 25% од возрасните Американци се на купони за храна, социјална помош за најсиромашните.

Со ова САД ја зголемуваат трката во вооружување со Русија и Кина. Ова може да создаде ситуација слична на онаа со која претседателот Реган го принуди Совтскиот Сојуз да троши толку многу за својата војска, што придонесе за распадот на Советскиот сојуз. Економијата на САД не може да се справи со повеќе воени трошоци, во ситуација на економски пад и кога повеќето луѓе во САД се соочуваат со финансиски неволји и проблеми. Минхенската Безбедносна Конференција Потврди Дека САД, ЕУ и Глобалистите се во Хаос, Дефанзива и Пред Распаѓање!

Десетици Кинески Воени Бродови во Јужното Кинеско Море

Еден од водечките кинески државни весници објави досега незамислив наслов: Пекинг мора да се подготви за “директен воен судир” со САД околу само-прогласениот Тајван, откако официјален претставник на САД на средно ниво пристигна во Тајпеј и предизвика гнев на Пекинг. Во она што Ројтерс го нарече масивно “покажување на сила”, десетици кинески воени бродови се забележани на сателитските снимки, вклучувајќи и носач на авиони и воени авиони над Јужно Кинеско Море, како дел од претходно забележаните масовни воени вежби, за кои Кинеската Армија рече дека биле “подготовка за војна”.

Руските Стратешки Ракетни Сили на Во Предвоена Состјба

Русија исто така реќе дека ќе одговори воено на евентуален напад врз Асад од страна на Америка. Веднаш после ова, а и како знак на револт поради монтираниот случај Скрипаљ, Министерството за одбрана на Русија најави масовни “вежби за команда и персоналот” на три ракетни армии од стратешките ракетни сили на Русија – кои сочинуваа повеќе од 10.000 војници и кои беа ставени на “највисока борбена готовност”. Во меѓувреме Турција воено интервенира против Американските платеници во Сирија. Покрај воените притисоци Кина го нанесе смртоносниот удар на доларот на 26ти март Кина конечно ќе започне со договор за нафта со доминантен јуани. Кина, Синоќа, 26ти Март, со Успешниот Старт на ПетроЈуанот Нанесе Молскавичен Смртен Удар на ПетроДоларот и на Империјата на Злото!

Патриотите во САД се свесни за тоа и велат: Ова е итна ситуација за сите луѓе во светот. Во САД, носиме дополнителен товар како граѓани на империјата да го направиме она што можеме за да се спротивставиме на американскиот империјализам, пишува аналитичарот Мајк Кригер. Мора да ни биде јасно дека е време да се стави крај на војни и други алатки за промена на режими, и да станеме кооперативни членки на светската заедница и да се даде приоритет на потребите на луѓето и заштитата на планетата.

Кој пат ќе го одбере Трамп и дали воопшто ќе има избор. Новите членови на администрацијата на Трамп во Стејт департментот и ЦИА се воениот-хушкач Мајк Помпео и мачителот на затвореници Џина Хаспел. На врв на ова тука е и Џон Болтон, еден од клучните архитекти на војната во Ирак, кој претходно призна дека во војната во Ирак се работи за нафта, а не за заштита на САД од оружје за масовно уништување. Тој, исто така, отворено повика на поделба на Ирак и Сирија во голем број помали земји.

Сакаше САД да влезат во војна со Куба над оружјето за масовно уништување кое не постоело. Советуваше Обама да го убие либискиот лидер Гаддафи … и потоа го обвини Обама за тоа токму тоа. Препорача дека Израел треба да го нападне Иран
Помогнал да го прикрие скандалот со Иран-Контра.

Една проценка за натамошниот развој на ситуацијата е, не правете грешка: Трамп се подготвува за војна! Другата проценка е дека Трамп кој досега одлично ги надигрува Дип Стејт, со назначувањето на Болтон им фрла коска на Дип Стејт за да ги доисчисти остатоците на Обама и Клинтон и дека после ќе го отпушти и Болтон и ќе прогласи победа врз Дип Стејт и мирно заминување во историјата. Едно е извесно, тоа е дека сме сведоци на крајот на една империја кое оди точно по сите историски закономерности. Останува уште да видиме дали тоа ќе се случи на мирен пат или империјата ќе проба да повлече со себе што повеќе жртви. Прочитајте повеќе овде: Америка е Диктатура, Тврди Американски Научен Труд, Без Право Лажно да Проповеда Демократија во Македонија и Светот и овде Се Возобновува Идејата на Шарл де Гол за ЕвроAзија од Лисабон до Владивосток (Анализа на СпутникЊуз)

 

 

Остави коментар