Војската на САД Признава Дека е Беспомошна Против Хиперсоничките Ракети на Русија и Кина!
Сподели на социјалните платформи:

Американскиот одбранбен естаблишмент не престанува да ѕвони на алармните ѕвона за тоа што велат дека се зголемувачки закани од Русија и Кина, а нивните предупредувања предизвикуваат страв кај членовите на Конгресот. Минатата недела американските воени претставници пред конгресментие на САД ги истакнаа хиперсоничните ракети како посебна област на загриженост.

“Токму сега на ова поле сме беспомошни”, рече сенаторот од републиканците Џејмс Инхофе, висок член на Комитетот за вооружени служби во Сенатот, за кој се залагаше за поголемо финансирање на развојот на хиперсоничките ракети.

Ген. Хитен Сведочи Пред Конгресот

“Ние немаме одбрана која може да го спречи делувањето на такво оружје против нас, па нашиот одговор ќе биде нашата сила за одвраќање, која ќе биде тријада и нуклеарни способности што треба да одговориме на таквата закана”, изјави Хитен изјави минатата недела Комитетот за вооружени служби во Сенатот.

Томас Карако, директор на Проектот за ракетна одбрана во Центарот за стратешки и меѓународни студии, на прашањето дали САД навистина заостануваат зад Русија и Кина во хиперсониката, категорично рече: “Да”.

“И причината е дека САД не прават ништо што може и да се спореди со истото темпо како во поглед на развивање на нашите сопствени хиперсонични способности, така и во поглед на неуспешно развивање на сензори и оружје неопходни за да ги соборат”, продолжи тој.

На кратко, за никој не е изненадување напредокот што Русија и Кина го направија во развојот на современото оружје. Сега целта на американскиот одбранбен естаблишмент кога зборува со конгресмените е да го искористи ова за поддршка за поголемо финансирање кое и досега беше огромно но неефикасно а такво и ќе остане поради огромната корупција во воено-индустрискиот комплекс на САД. Прочитај пошироко овде: Русија и Кина ја Претркаа САД во Хиперсоничните Оружја – Азија Тајмс.

Разговорот на Капитол Хил доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија сега има интерконтинентални балистички проектили кои се неповредливи на западните против-ракетни системи. Ова е визуализација на новата генерација хиперсонички проектили кое Путин неодамна ги представи:

1 thought on “Војската на САД Признава Дека е Беспомошна Против Хиперсоничките Ракети на Русија и Кина!

Остави коментар