Продолжува борбата за слобода на МакедонскитеХероји кои на 27ми Април голораки влегоа против наоружаните пучисти во обид да спречат антиуставен нелегитминен преврат и пуч во Собранието на Македонија! Пучистичкото антиуствано, недемократско и неделовничко преземање на власта од страна на нелегитимната хунта е документирано и законски и уставно оспорено и во Уставниот суд и во Јавното Обвинителство на Република Македонија и во Основното Јавно Обвинителсво во Скопје.
Врховниот суд го укинал притворот или го заменил со домашен за 8 лица од притворените од 27 април! Ова ни од далеку не е доволно и македонскиот народ нема да ги остави браќата и сестрите долго и неправедно в затвор додека терористите на УЧК се на слобода и дури самоповикано ја управуваат државата! Борбата ќе биде тешка и долга и ние ќе ја добиеме, затоа што сме на страната на правдината, моралот, честа и добрината и во Македонија и глобално!
И додека продадените предавнички Соросоидни медиуми во Македонија молчат за да си го одработат колнатотот парче валкан леб, интернет врие од реакции и подршка на нашите херорји. Ви пренесуваме еден напис од Фејсбук посветен на херојот Горан Ангелов напишан од негов пријател.
Еј брат !
Јас само замислувам како ти е, низ што поминуваш, што све ти поминува низ главата.
Се прашуваш дали има Македонци ?
Знам дека тоа ти е второ во главата одма после децата.
Има брат Македонци, само што се малку како тебе.
Се прашуваш со што заслужи ова што те снајде ?
Љубовта брат, љубовта кон земјата и твојата лојалност кон Организацијата.
Брат, немој да се љутиш на себе, дека нешто си погрешил.
Те знам брат, ти секогаш ќе си истиот, пак ќе излезеш како што излегуваше, и за Организацијата и за Татковината.
Еј брат !
Ти текнува кога држеше говор на протестот за аболиција на Притворените ?
Рече, цитирам:
– Пуштете ги луѓето, оставете ме јас да лежам за нив.
Да беше пророштво ова немаше до толку да се исполни.
Ти го исполнија барањето.
Остана да лежиш.
Читај овде сега брат !
Тамо си сам, знам дека ти е тешко за децата, оние дечиња твои кои патат поради твојата љубов кон Македонија.
Се гордееме со тебе Брат !
И со тебе и тие до тебе, другарите Македонци.
Ние немаме друг избор брат, освен секој на свој начин да продолжиме да се бориме додека не падне оваа антимакедонска и предавничка власт.
Брат, јас не гледам друг излез…мора да е така.
Ќе пробаме да ја обединиме Македонштината, оние кои ја љубат Татковината и оние кои ја љубат фотељата.
Да знаеш дека нема да не покорат, замолкнат или обесхрабрат.
Брат, на моите деца секој ден им кажувам за тебе,за тоа да знаат кој тоа тамо лежи во затвор за нив и за својата земја.
На ќерками големата и го дадов твојот поздрав, маичката од Ќосето.
Спиеше со неа, горда.
Братот, тешко ни е, бар на овие кои нешто им значиш.
Ама па мора да продолжиме да се бориме, мора да даваме све од себе до конечна победа.
Мора брат.
Мојот сон уште не е остварен, уште сонувам како го славиме заедно Илинден на Мечкин Камен.
Брат, јас нема да сум мирен додека тој сон не ми се оствари.
Чувај се и остани Горд !
Како што јас сум Горд на тебе !
Ќе живее Ќосето !
Ќе живее Независна Република Македонија !