Македонскиот Турчин Шенол Мемиш Поголем Македонски Патриот од Продадените Одродени Квислинзи!
Сподели на социјалните платформи:

И додека пратениците кои гласаа за предлог законот за уривање на темелите на Македонската држава како заеднички дом на сите a само во корист на фашистичките планови на екстремните терористи од УЧК, се кријат во своите домови, се чини ќе останат цел живот да се кријат некаде затоа што се отфрлени од сите, Македонците, Албанците, Турците, Власите, Бошњаците, Ромите итн. Прочитај повеќе овде: Предавниците со Гласањето Станаа Само УЧК! Македонците, Турците, Албанците, Бошњаците, Не Ги Примаат Веќе За Свои!

Македонскиот Турчин од Битола, и Претседател на Македонско-Турското друштво на пријателство пишува: Зошто сум против Законот за употреба на јазиците кој ја води Македонија од мултиетничка кон бинационална држава. 
Ако Албанец во Берово, во подрачната единица на Фондот за здравство на Република Македонија, побара информација и се обрати на неговиот мајчин јазик, Фондот е должен усно или писмено да му одговори на албански јазик во определен рок.

Но, доколку во таа иста институција за информација или услуга се обрати Србин, Турчин, Влав, Ром…. Тој мора да го знае македонскиот јазик, затоа што државата не е должна да му одговори на неговиот мајчин јазик. Накратко, правото со кое се стекнуваат Албанците, ќе го немаат другите етнички заедници во Република Македонија.

Секоја државна институција треба да обезбеди преведувачи на албански јазик, но не и на турски, ромски, влашки, српски и т.н. Ова е класичен вовед во бинационално општество во кое Македонците и Албанците имаат повеќе права во определени ситуации од сите други.

На крајот, и за среќа, засега единствената легитимна институција во Македонија, Претседателот Ѓорѓе Иванов е последна пречка на патот на нелигитимната квислиншка Хунта во нејзините предавнички намери за туѓи цели а на штета на сите нас во Македонија. Затоа на претседателот во овие тешки за него моменти на закани и уцени му е потребна нашата подршка за да си ги сочуваме родните огништа по мирен пат. Народната Сила го Осоколи Претседателот! Без Негов Потпис Нема Закон за Уривање на Македонија!

Остави коментар