Сподели на социјалните платформи:
Соросовите Медиуми Глобално и во Македонија!

Коложег.инфо, дело на неколку ентузијасти без скршен денар, ја фрли Хунтата во паника! И со право. Оти и ќе Ја Сруши! Блогот едноставно им ја пренесува на Хунтата и Соросоидните мегафони за нив болната вистина дека се поразени и во Македонија и глобално. Од Русија, Кина, Азија, Африка, до сите Европски земји со нивните продадени и отуѓени елити, и можеби за нив најважно, во самата САД, каде нивните миленици Сорос и Хилари беа до нога поразени од патриотскиот Американски народ.

Така што Хунтата и Соросоидите останаа и без домашен легитимитет исплукани од својот сопствен народ и без странска подршка, и се држат за тенкото влакно – на Американските избори делегитимираниот представник на поразената Дип Стејт во заминување – Бејли. Едноставно, Коложег.инфо е дел од новиот патриотски глобализам за заедници на суверени држави и нации наспроти фашизоидниот Соросоиден концепт за глобализација и свет без нации и граници, во корист на 0.00001% од елитата а против сите нас граѓаните на светот. Победата на Патриотскиот Анти-Корпоративен Глобализам во 2018 во Македонија и глобално.

Така, за нецели три месеца од почнувањето, нашиот мал блог кој го пишуваме три-четворица ентузијасти без никаков надомест и само од љубов кон татковината, без наше знаење да ти станал кошмар за нелегитимната предавничка Хунта! Доказ колку е нашата идеја силна, правична и справедлива а колку се квислинзите и нивните платенички медиумски одработувачи свесни дека се предавници, слаби, неморални, прочитани, прозрени и презрени.

Дури сме споменувани во ист контекст на политичко влијание со Каменос, грчко-рускиот милијардер Леонид Савидис, и оооп, веднаш тука е и сајтот Коложег, како најмоќно оружје за борба против Хунтата! Машала! И ова го вели најфашистичката Телевизија Алсат која е подржувач на екстремниот вахабизам и главосечачите на ИСИЛ! Иншалах!

Главосечачите на ИСИЛ, Другари на Алсат ТВ и Зекири од СДС, Поразени до Нога од Русија и Муслиманите од Сирија под Водство на Асад!

Како “главен адут” празноглавите Шерлок Холмси од подржувачите на вахабистите од ТВ ИСИЛ го наведуваат фактот дека Дугин споделил на својот фејсбук профил вест на Коложег.инфо за неговата посета на Македонија. Ако имаа два грама мозок, малку човечки и новинарски интегритет, талент, а и барем малку желба за истражувачко новинарство, истите тие подржувачи на УЧК и главосечачите на ИСИЛ според истиот свој метод на чии текстови споделува Дугин на својот фејсбук профил ќе откриеја многу поширока Руска агентура во светот. Како на пример Чикаго Трибјун и Вашингтон Пост во Америка, и ууупс, Соросовиот БалканИнсајт, па ред Француски, Полски и други медиуми.

Па штом Вашингтон Пост е дел од таа мрежа и ние тогаш утре ќе му доставиме фактура на Путин на, да речеме, 500.000 евра. Така една заокружена убава цифра, како што Соросидните грантојадачи се навикнати да земаат. А вака испаѓа додека Вашингтон Пост, Каменос и други кешираат од Путин а ние работиме за џабе.

Ако ги добиеме ги трошиме вака, за 100.000$ си купуваме по еден џип за нас (како на Пимен), по една бунда (жолта како на Заева) и една Прада ташна (како на Боки 13 и Шеќеркова) за нашите поубави половини. После седнуваме в кафанче и јадеме и пиеме цел ден. Што ќе остани од 100.000 ќе земиме две шишиња жолта за дома.

А следните 100.000$ ќе дадеме како помош за дом на сираци и 300.000$ за купување оружје за одбрана на Македонија. Ние, сепак сме патриоти и благородни луѓе (освен оние први 100.000, сепак сме луѓе со свои ситни слабости). И потоа продолжуваме да работиме бесплатно, за победа на идејата, правдината и справедливоста. Оти само и така знаеме и умееме, за разлика од оние кои ниту знаат ниту умеат па мора да си го рентаат својот професионален и човечки интегритет против својот народ и си ги оцрнуваат своите фамилии и презимиња за век и веков.

Е па сега драги мои испаничени Хунташки и Соросоидни грантојадачи. Фројдовски несвесно и подсвесно си го откривте бедното продажно душиче кое го рентате за рака проклети долари или евра. Во Коложег.инфо се инвестирани точно 3.700 денари! Не евра, а ДЕНАРИ. Тоа е едногодишен хостинг и бесплатен wordpress template. Немаме ни приход од реклами, не не интересира. Тоа ти е некаде 10 км од патните трошоци на вашиот квислинг кого мора да го опевате за корка леб, Кирацовски.

Вушност за патните трошоци на Кирацовски може да направите над 200 различни Коложег.инфо сајтови. Ама за тоа треба мозок, а и справедлива и победничка идеја која всушност се брани самата себе си и која народот ја сака и брани, додека вие мислите само на пари и чекате грантови од фашистот Сорос. И не дошло до вас уште дека медиумските платформи се сега децентрализирани и ефтини а дека Содржината е Цар (Content is King) и дека Блог и влијание ги создаваат содржината, независноста и погодување на пулсот на хммм, читателите, народот?

Е тука сте слаби, вашата идеја е поразена оти е предавничка, и тука нашaтa справедлива идеја не можете да ја победите со милијарди колнати долари за кои срамно и ставате кармин и ја разубавувате свињата, за таа, природно, и покрај сиот ваш предавнички труд, да останува да биде тоа што и е и без кармин, свиња! (Прочитај овде: Соросоидните ФејкВести Медиуми во Македонија Подло Премолчуваат дека 4 Членки на НАТО Преферираат Да ги Брани Русија а не САД!)

Заборавивте дека постојат граѓаните, нивното мнение не ви е важно, а во нашиов случај ниту нивниот опстанок на своите историски огништа. Се заборавивте во својата бедна арогантна перцепција дека вие сте “фела”, нешто повисоко од некапаната маса и дека вие веќе не информирате туку сте доброволна политичка маша и “месите” јавно мислење т.е одработувате за бедна корка колнат леб. А всушност сте разоткриени за она што сте заедно со вашите наредбодавачи, ФејкВести на фабриката на ЦИА и ДИП стејт кои работите за Соросовиот фашизоиден концепт: Неподносливата Леснотија на Релативизирањето на Тероризмот од страна на ЦИА, пардон, Дојче Веле!

Да, ние сме Про-Руски, и Про-Кинески и Про-Турски и Про-Американски и се радуваме на победата на Доналд Трамп и поразот на Дип Стејт “кралицата” Хилари Клинтон чиј леш безсрамно го туркаа вашите – сега веќе предмет на мајтап на цел свет – собраќа по платеништво ФејкЊуз медиумите како Си-Ен-Ен, Би Би Си, Вашингтон Пост, Дојче Веле итн. Ние колку сме љубители на RT.com уште повеќе сме љубители на точно оние незначителни дотогаш “петпарачки” обични сајтови како breitbart.com; zerohedge.com; drudgereport.com кои го донесоа Трамп на власт и ги срушија мејнстрим фејквести медиумите како што Коложег.инфо и ќе ве сруши и вас и Хунтата заедно. И тоа со една рака врзана зад грб.

Значи: има Разлика, како што беше слоганот на еден политичар, или Подебуваме, како што вели Коложег.инфо. Се извинуваме за поизразените симптоми на дислексија во петок навечер кои некогаш резултираат во печатни грешки. Сега написот е заклучен и не може да се поправи а бидејќи немаме редакција, дури утре или задутре некој од нас, кога ќе му помине мамурлукот, и кога ќе се логира на сајтот ќе ги поправа печатните грешки. Или ќе ги дозгреши. Поздрав со шпицата на Коложег до сите читатели, а за Хунтата и Соросоидните медиуми специјален поздрав од последниот лик во шпицата подолу.

 

Остави коментар