ФЕЈСБУК е Шпион на Дип Стејт, Промовира ФејкВести и ги Продава Вашите Лични Податоци на Приватни Компании!
Сподели на социјалните платформи:

Едвард Сноуден (Edward Snowden) го потврди она што сите го предпоставувавме и ги разоткри Фејсбук и останатите  социјални  мрежи дека всушност се “агенции за следење” кои ги злоупотребуваат вашите најприватни информации што се наоѓаат на нивните страници. Фејсбук ги дава сите ваши податоци на Дип Стејт а кај нас во Македонија во ДБК, и ги продава вашите лични податоци на приватни компании!

Слично мисли и Џулијан Асанж (Julian Assange), кој во својата книга ‘Гугл против Викиликс (When Google Met WikiLeaks), ја напомнува аферата кога Гугл преку своите компании во Силиконската Долина, ги споделил информациите од својата мрежа со разузнавачки агенции од Пентагон.

Од горе наведеното, можеме да заклучиме, дека современиот тек на живеење и користењето на компјутерите и социјалните мрежи, како главни информатори и креатори на меѓучовечките односи , се злоупотребуваат и користат, како бесплатна книга за информации и средство за трговија и богатење на сопствениците на овие современи текови.

Сето ова резултира во жесток револт кон Фејбук и Гугл и кампањи за напуштање на нивните мрежи. За алтернативни и кои засега важат како заштитниви на приватноста мрежи прочирајте повеќе овде. Напуштете го ФБ и Гулг и користете го ова.

Така Фејсбук предаде без дозвола податоци на милиони корисници на кампањата на тогашниот претседателски кандидат Обама во 2008та. Најновиот скандал е поврзан со компанијата ‘ Cambridge Analytica ‘ (Кембриџ Аналитика) која се занимава со правење профил на типичен американски гласач, за потребите на американските политичари. За таа цел, обезбедила донација од 15 милиони долари, од богатиот републикански конгресмен и донатор Роберт Мерцер и го ангажирала неговиот политички советник Стефан Банон, за да се направи кампања за Доналд Трамп, уште за подготвителните избори 2014 година. Но не успеала во тоа, бидејќи немала ‘сировина’ односно немала профили на американски граѓани за да направи соодветна анализа и профил за кампањата.

Така компанијата ‘собрала’ , без ничија дозвола, 50 милиона профили на американски гласачи од Фејсбук, искористувајќи ги нивните приватни социјални активности, овозможувајќи и да направи стручна анализа за тоа што би требало Трамп, да говори и поентира, за да ги добие изборите во 2016 година. Според бивши вработени во оваа компанија и нивни соработници, ова е најголемата ‘кражба’ на приватни податоци во поновата историја на социјалните медиуми.

Истражувања на оваа тема извршиле, Њу Јорк Тајмс и Обсервер од Лондон. Со откривањето на оваа афера, тие потенцирале дека ова е едно од најмоќните современи оружја, што пак ги активирало истражувачите и законодавците, од двете страни на океанот, Америка и Британија, да превземат соодветни активности за заштита од ваков вид  напади.

Компанијата во своја одбрана изјавила дека податоците ги ‘откупила’ од Универзитетот Кембриџ, од неговиот истражувач Проф. Др. Коган, кој ја преку неговата апликација  ‘’thisisyourdigitallife’’ ги собрал податоците и контактите од Фејсбук профилите. Професорот и ‘Кембриџ Аналитика’ објавиле дека, сите податоци веќе се избришани и отстранети од нивните истражувачки листи, но Фејсбук, од извори што не сака да ги обелодени, примил информација дека не сите податоци се избришани и уништени, туку некои се сеуште во оптек.

 

Бивш вработен во ‘Кембриџ Аналитика’ , Christopher Wylie (Кристофер Вили), кој е еден од творците на оваа афера и работел таму до крајот на 2014 година, за шефовите во оваа компанија изјави: ‘Правилата нив не ги интересираат. За нив, ова е војна и се е дозволено. Тие сакаат ‘културна војна’ во Америка. Компанијата требаше да биде главно оружје на оваа војна’.

 

 

Остави коментар