Борбата за Влијание на Балканот меѓу САД и Русија оди во Прилог на Македонија и Народот Станува Клучен Фактор!
Сподели на социјалните платформи:

Работите одат во исклучително опасна насока. Во моментов се случува битката за Србија и заедно во ист регионален пакет и битката за Македонија. Накратко,  САД и Русија сега се натпреваруваат кој до каде може да ги спроведе сопствените интереси на Балканот. Основното прашање е како ќе ce договорат за централниот Балкан. (Коложег.инфо пишуваше за ова: Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија)

Трамп и Путин денес (20ти Март 2018) разговараа по телефон и ги покрија сите важни теми (Северна Кореја, Украина, трката во наоружување итн.) освен една: Балканот. Тука допрва ќе играат. Опасноста е присутна бидејќи Србија е притисната за Косово, а може да биде отсечена во Македонија од Абанија и Бугарија. Како резултат на тoа, Србија може влезе во директен воен сојуз со Русија.

Клучно во ситуацијава е како ќе играат Грција и Бугарија.

1). Бугарија изгледа повторно ќе биде на погрешната страна. Таа има склучено договор со Шиптарите да ја поделат Македонија откако Aмерика ја навлече на уште една погубна авантура во Македонија.

Рускиот патријарх Кирил им одржа лекција во Софија пред десетина дена, ама неизвесно е дали Бугарите ја разбраа пораката. Ако не ја разбрале, тоа значи дека најверојатно ќе ја доживеат судбината исто како во Втората светска војна: Отпрвин добија што бараа (Македонија), но потоа останаа со прстот во уста.

Рускиот патријарх преносно им кажа: Доколку има конфликт, на крај ситуацијата нема да остане иста, нема да биде статус кво.

(Преседан: Романија беше сојузник на Третиот рајх и ги изгуби на тнр. арбитража Трансилванија и Јужна Добруџа)

2). Грција е во паника и затоа грчиштата делуваат хистерично. Бараат начин како да ќарат преку Заев и Шиптарите, а сепак да не бидат отсечени. Еден алчен грчки задник сака да седи на две столици. Исто така, сакаат да шуруваат со Русија додека се сојузник на Америка.

3). Македонија со СДС на власт и со умртвена опозиција се смета дека е слепо црево, а не чинител. Заев е потрошна стока од најнизок вид и Америка ќе го држи додека има интерес од него. Единствено народот што излегува на улици и дијаспората се смета дека се активни елементи кои во даден момент можат да ја претворат Македонија во чинител (исто како во 1941-ва).

Првата работа што Русија ја направи по ре-изборот на Путин завчера беше да го викне македонскиот амбасадор. Децидно му беше речено дека влез на Македонија во НАТО значи безбедносна закана за целиот регион и влошување на односите Македонија-Русија.

Тоа е кажано дипломатски. А кажано директно е следново: Македонија е во зоната на интереси на Русија. Следствено, ситуацијата не е иста како што беше до пред два дена.

Русија ни дава за право, имаме поддршка. Но ние мораме да сигнализираме и да напрaвиме се’ Русија да може да се ослони на нас, а не само на Србија или на некаков климав и за нас тешко прифатлив српско-грчки сојуз.

Зошто е тоа исклучителнo важно?

Затоа што за Америка најважна држава на Балканот е Албанија. Шиптарите се нивната пешадија. Веќе е очигледно за сите дека Америка оди на стварање на Голема Албанија. Сите останати балкански држави се засегнати, вклучувајќи ги Грција и Црна Гора.

Во Америка, притисокот врз Трамп од страна на длабоката држава е голем и покрај тоа што овој засега успешно се бори со глобалистичката банда. Но за да опстане, Трамп го назначи директорот на ЦИА, Мајк Помпео, на местото државен секретар (министер за надворешни работи). А Помпео во суштина е лобист за Шиптарите/Албанија.

Каква таква, поддршка имаме. На нас е да ја разбереме ситуацијата во која што се наоѓаме, да се разбудиме и по активно да ја неутрализираме хунтата во исполнување на Голема Албанија. Ако не станеме чинител, може и навистина да ни се повторат Балканските војни.

(Анализа на Златко Ковач)

Остави коментар