Поради состојбата во која е турната нашата Татковина и рамнодушното имплементрање деструктивни политики за државата, кои се закана за самата стабилност на општеството и животот во него – ние СТУДЕНТИТЕ, МЛАДИТЕ и секој ГРАЃАНИН кој има желба да застани против нештата кои веќе станаа очигледни за сите нас, упатуваме јасна порака за сплотеност и отпор против разнебитувањето на Република МАКЕДОНИЈА. Ова го порачаа студентите од Штипскиот Универзитете Гоце Делчев на денешниот повик за протести и спречување на рушењето н нашата татковина.
Никој нема право да ја уништи иднината на оваа земја, никој нема право да го уништи животот, да го подели народот по секаква основа, да го наруши ИДЕНТИТЕТОТ и СЛОБОДАТА за кои гинеа нашите претци.
Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ најавија голем протест против две, како што кажаа, за државата битни работи:
- Насилно воведување на т.н. Закон за употреба на јазиците, значи маргинализација на помалите етнички заедници, укинување на нивните јазични права и компромитирање на идентитетите на секој етникум, а особено македонскиот. Промена на името Македонија и двојазичноста која насилно без политички капацитет и демократски вредности ја изгласаа, рече Борис Симоновски, студент на УГД.
Покрај ова, студентите бараат и итен прекин на преговорите за името:
- Сакаме да се стопирата преговорите. Вие кога преговарате, значи, се потчинувате, знаете дека нешто не пости. Значи СТОП на преговорите. Нема преговори. Името е МАКЕДОНИЈА, рече Петар Костадинов, студент на УГД.
Наместо енергијата да се троши на воведување втор јазик и промена на името, студентите имаат други приоритети:
- Би повикал да се зголемат стипендиите за студентите, да обезбедат поветин превоз од градовите од кои доаѓаат, да ни помогнат во процесот на студирање, а не да ни додавата дополнителни тешкотии со вакви непромислени, избрзани и насилно донесени закони, рече Симоновски.
Ве повикуваме СИТЕ, да се придружите на студентскиот марш во Штип на 30.03 (петок) во 18:00ч. (плоштад Слобода) и заедно да истакнеме јасно и гласно дека македонскиот народ не го прифаќа ова наложено, систематско самоубиство, порачаа слободољубивите млади Штипјани!