Да убиеш еден жив јазик, еден жив народ, злоупотребувајќи ги основните права и слободи, фалсификувајќи ја историјата, ти, ти ја фалсификуваш и иднината, а иднина без Македонци не бива и нема да има! НАТО и ЕУ (се мисли на државничката елита либералисти) не можат да се помират со фактот дека нивните геополитичари не успејаа да ја спроведат својата злосторничка стратегија врз Македонија и врз Македонците.
Македонците се покажаа како достојни наследници на Александар и Филип Македонски – прасловените и прахристијаните, кои му го отворија патот на Јован Крстител и на Синот Божји Исус Христос – Македонски војници и Божји слуги, кои ја втемелија мултиполарноста во словенските народи, како единствен вистински патоказ по кој треба да се движи човештвото. „Бурето барут“ или „јаболкото на разорот“, како што милуваат многумина да ја опишат нашата Македонија, веќе три децении води борба против Владата на РМ и против Владата на ЕУ и НАТО-членките.
Два милиона Македонци наспрема НАТО и ЕУ, нуклеарните сили, кои помислија дека ќе го клекнат сиот свет на коленеци и ќе господарат со планетата Земја, служејќи се со „извртената реторика во која родољубите ги прикажуваат како фашисти и нацисти, а фашистите и нацистите како демократи и заштитници на Основните права и слободи на државите и човекот“?!
За да ја остварат својата неолиберална цел, создадоа терористи, а потоа изградија воени бази насекаде низ светот за да не` заштитат демек од терористите?! Денес на сите нам ни е повеќе од јасно како функционира овој сатанистички округ благодарение на руската филозовска школа на Александар Дугин, така што денес сите ние знаеме дека Новиот светски поредок го подели светот на Елита и Народ – господари и слуги.
Новиот светски поредок, првите ги издига за нео-фараони, а вторите за нео-робови.
Специјални службеници на Новиот светски поредок се инсталираа во Македонија и на Власт поставија свои предани послушници (калемени сливи/ Мирка Велиновска), кои имаа задача да го спроведат планот за Културен геноцид врз Македонците и за Културен геноцид врз Православието. Самопрогласената елита на НАТО и на ЕУ нанесоа бран злосторства и неправди на многу народи низ целиот свет, но кога кренаа рака на Русија, Мајката Земја изнедри родољуб, човек, сонце, кое ќе го поведе светот во борба за враќање на Основните права и слободи и ќе стави крај на нивната злоупотреба од страна на „новиот светски поредок“ – Русија, Светиот Руски Народ ни го дари Путин – човекот изнедрен од Божјата мисла.
Интересите на сите Народи во светот се совпаѓаат со интересите на Русија – ЉУБОВ, МИР И НАПРЕДОК ПОД МУЛТИПОЛАРНОТО СОНЦЕ НА СЛОБОДАТА! Оттука, Македонскиот Народ, кој веќе три децении самостојно се бори против нелегитимните и нелегалните Влади на РМ, поставени на Власт во Македонија од страна на НАТО и на ЕУ, донесе одлука да стапи во сојуз со Русија и со Евроазиската економска унија за да се заштити од „Доброволниот фазен културен геноцид, кој го спроведува Владата на РМ, по Барање на ЕУ и на НАТО, а во интерес на некои земји членки на ЕУ“!
Меѓународното право му овозможува на Народ да побара легитимна поддршка од друга држава, во случај „кога која било влада на некоја земја работи против интересите на Народот.“
Владата на РМ во изминативе три децении:
– се откажа од Македонците поробени под соседните држави (процесот деколонизација не се спроведе на Балканот, иако изминаа 100 години од Букурешкиот мировен договор, преку кој Македонија беше поделена помеѓу сите соседни држави, а Костантинопонол остана под власт на Турција)
– бесправно го смени знамето на Македонија
– потпиша дека ќе го смени името на македонската држава
– спроведува закон со кој го укинува македонскиот јазик во Македонија.
– ја оспорува МПЦ
За сите овие злосторнички процеси Македонскиот Народ има официјални докази во Архивот на РМ! Тоа значи дека Македонскиот Народ и држава се подложени на процес на злосторство врз човештвото – „доброволен фазен културен геноцид“ – кој трае интезивно веќе три децении.
Бидејќи Македонскиот Народ и Рускиот Народ го делат истиот проблем и имаат исти интереси, и бидејќи Владата на РФ изјави дека ќе се грижи за сите Православни Народи во светот, Македонците донесоа одлука да побараат Договор за сојуз со РФ во заштита на мултиполарноста и традиционалната држава за која нашите предци го дадоа својот живот, а денес некои „калемени сливи“, кои глумат Влада се обидуваат да ни ги одземат, лажејќи дека ние Македонците „доброволно се откажуваме од Основните права и слободи во интерес на колонијални држави и народи и во интерес на сепаратисти и радикални терористи“.
За таа цел се формира и партијата Единствена Македонија, која како и Единствена Русија се залага за правдата, правичноста и вистината за сите народи и држави во светот!
Гордана Јовановска
вторник, 13.03.`18
[fbvideo link=”https://www.facebook.com/1767946273500345/videos/1772347906393515/” width=”500″ height=”400″ onlyvideo=”1″]