Дали Трамп конечно ќе ја преземе во свои раце надворешната политика на САД и ќе овозможи мирно повлекување на империјата во залез од Балканот пред надоаѓачките Русија, Кина и Турција?
Веста за отпуштањето на Државниот Секретар Рекс Тилерсон доаѓа само часови откако тој ја обвини Русија за труењето на бившиот Совестки шпион Скрипал во Велика Британија најавувајќи “одговор”. Таков одговор очигледно сега нема да има! Трамп според Вашинтгтон Пост одамна смета дека Тилерсон, е премногу дел на естаблишментот на Дип Стејт.
Промената доаѓа во очи на подготввките за разговори на САД со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Несогласувањата на Трамп со Тилерсон беа исто така околу многуте други клучни геополитички прашања како Русија, Кина, Северна Кореја и Иран.
Американскиот Претседател Доналд Трамп веднаш назначи замена за Тилерсон, а тоа е неговиот исто така досега нов директор на ЦИА, Мајк Помпео, додека негово место за директор на ЦИА доаѓа првата жена на оваа функција во историјата, Џина Хаспел.
Mike Pompeo, Director of the CIA, will become our new Secretary of State. He will do a fantastic job! Thank you to Rex Tillerson for his service! Gina Haspel will become the new Director of the CIA, and the first woman so chosen. Congratulations to all!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) March 13, 2018