Нашите “стратешки партнери” се партнери со УЧК и главосечачите на ИСИЛ! Сакате ли во такво “фино друштво”?
Сподели на социјалните платформи:

Волерс ….. Македонци не треба да има! Ваква изјава на еден поранешен американски амбасадор во Р. Македонија, всушност ни ја дава правата слика, што американскиот Дип Стејт, а не самите американци, прават и мислат за нашата земја.

Сите наши, домашни политички претставници досега, македонски и албански, се едногласни во изјавите, дека американците се нашиот “стратешки партнер”.

А дали е тоа така ?

Да видиме што тоа американците досега направија за Македонија :

1). САД со помош на грците, во април 1993 година , во ООН, ни го оспорија и ни го суспендираа, правото на нашето име, Република Македонија и ни ја наметнаа референцата БЈРМ (ФИРОМ) . Нивната улога беше од пресудно значење при ваквото флагрантно кршење на Повелбата на ООН. Тоа го може, само САД и никој друг.

2). Во септември 1995 година беа еден од покровителите при потпишувањето на Привремената Спогодба со Грција. Со таа Спогодба, ни ја запечатија судбината и ни ги намалија шансите да се регистрираме правилно, со нашето уставно име.

Евакуација на Поразените УЧКи од Страна на НАТО! Како што прават и сега со главосечачите на ИСИЛ!

3). Во војната, во 2001 година, со терористите, како во почетокот ги нарече, командантот на НАТО, Џорџ Робертсон, се обидоа албанците да ги направат еднакви со македонците и јавно застанаа зад албанските терористи, па мораа со закана за војна со НАТО,  да си ги спасуваат инструкторите и главните албански терористи. Кога ова не им помина и македонскиот народ се покажа пожилав отколку што тие мислеа и предвидуваа, ни го стокмија, го напишаа и го спонзорираа потпишувањето на Охридскиот Договор. Со овој Договор ни нанесоа штета на македонците, ја втурнаа Македонија во еден галиматијас, од кој ни ден денес, не можеме да излеземе.

4). Во ноември 2004 година ја признаа Република Македонија, под нејзиното уставно име, само и заради попречувањето на референдумот за новата  територијална поделба, односно го попречија гласањето на референдумот само за да може да се реализира новата територијална поделба, со која, Струга и Кичево ги направија со албанско мнозинство, иако до тогаш тие тоа не беа, а со припојувањето на селата со албанско население, околу Скопје, главниот град ни го направија двојазичен. Ова и ден денес е рак рана на Македонија и проблем што се продлабочува се повеќе. САД, со сигурност, ќе бидат првите што ќе го признаат, евентулно новото име, со што ќе се поништи нивното признавање на нашето уставно име, кое ете за нивна жал, мораше да го направат во 2004 година.

5). Во април 2008 година, во Букурешт, Македонија требаше да биде примена во НАТО. Ги исполнувавме сите потребни критериуми и услови. Но, со помош на грците, ова не се случи, и тогаш, повторно се случи преседан, па ни се наметна со уцена, условот, ‘сменете го името, па ќе ве примиме во НАТО’. Провидно е, дека Грција не блокирала. Освен САД, сите останати земји членки во алијансата заедно, не можат и не смеат да блокираат, она што САД го замислиле и поддржале. Доколку Македонија, тогаш беше примена во НАТО со референцата БЈРМ (ФИРОМ), тогаш секакво понатамошно менување на името и идентитетот, ќе беше оневозможен. САД на перфиден начин, тоа го спречија. Имено, Грција го спречи тоа со вето, па затоа Судот во Хаг, тоа го оквалификува како прекршување на Спогодбата. Благодарејќи на САД, пресудата на Судот во Хаг, ни ден денес не може да се реализира. Тоа го можат само САД и никој друг во светов.

Од сето ова, претходно наведено, може да се заклучи дека САД, се се, само не наш “добар и стратешки пријател”.

Па затоа и изјавата на Волерс ‘Македонци не треба да има’ , дадена од Тетово, кај неговите албански пријатели, треба да се сфати никако поинаку, туку како размислување на американската администрација за состојбата, тука, кај нас, во Македонија.

Едно треба да разбереме. Американската политика кон Македонија, и кон нас, македонците, е конзистентна и непроменлива. Од основањето, до денес. Ваквите изјави, со право не лутат и нервираат, но и докажуваат, дека иако со годинормално за нација, што постои само два-три века. Македонија и македонците, се уништуваат и делат со стотици векови наназад, но сепак постојат. Така и ќе остане, и покрај заложбите на САД и нивните полтрони и послушници, бугарите, грците, албанците и домашните предавници од СДС и ДПМНЕ.

 

By Uzun.

 

Остави коментар